Во интервју за францускиот дневен весник „L'Equipe" претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис дава многу конкретни идеи за една нова Лига на шампиони, но ова негово мислење сигурно дека ќе предизвика бурни реакции кај голем број европски екипи кои не би биле во комбинација, а се редовни учесници.
„Натпреварувањето би се одвивало со петте најсилни екипи од најквалитетните пет национални првенства, а нивната годишна заработка би била 200 милиони евра. Сите ми изгледаат задоволни со заработувачка од 40 милиони евра, но јас сакам да заработам 150-200 милиони евра, што значи дека лигата би генерирала 5 милијарди евра по сезона. Доколку на УЕФА не им се доаѓа предлогов нека оформи уште една паралелна лига", вели Де Лаурентис.
Тој во интервјуто кажува како многу претседатели со сложуваат со него и дека се надева дека вакво нешто би се случило за 2-3 години, а правата за емитувања на натпреварите смета дека освен на телевизиите треба да се продаваат и на интернет. Де Лаурентис освен промени од УЕФА, побара промени и ја искритикува ФИФА.
„Блатер и ФИФА ни прават разни игри зад грб со наши пари. Траба да се разговара и околу репрезентативците. Ако ПСЖ за трансфер го плаќа Кавани 64 милиони евра, тогаш тој не може да игра гратис за Уругвај. За негов настап во репрезентација тој треба да добива милион евра за меч", смета претседателот на Наполи.