Навегантес го победи ривалот Интер де Лагес со 2:1 во рамките на третата бразилска лига, но светот не дозна за овој натпревар заради убавата игра и головите, туку заради неколку бизарни ситуации.
Натпреварот започнал со 25-минутно задоцнување затоа што немало деца да ги собираат топките околу теренот. Во таква ситуација, домаќините молеле навивачи да се симнат од трибините, па откако собрале доволен број, натпреварот конечно започнал.
Овој дуел се пренесувал во живо и на една локална ТВ станица, но гледачите пропуштија неколку минути од натпреварот затоа што на режисерот и коментаторите им беше поинтересна борбата крај аут линијата.
Кутриот помошник судија беше нападнат од две бесни птици, а коментаторите му фаќаа сеир и навиваа за птиците.
Последниот бизарен момент се случи подоцна во текот на натпреварот кога делегатот го тераше судијата да се јави на телефон. Судијата одби да го прими повикот кој остана мистерија и за новинарите, па натпреварот продолжи по краткиот прекин.