Фудбал

ФФМ му подари дрес на колекционерот

Одличен гест од Фудбалската федерација на Македонија. Откако ја напишавме приказната за колекционерот од Германија, ФФМ се понуди да му ја збогати колекцијата со дресот кој му недостига.

Колку чини еден шампионски тим

Актуелниот европски владетел, екипата на Баерн Минхен за да го состави својот шампионски тим потроши скоро двојно помалку отколку Манчестер Јунајтед.

Нокаут од соиграч

Фудбалерот на холандскиот второлигаш Ос, Јохем Јансен на натпреварот против вториот тим на Ајакс си ја научи лекцијата дека никогаш не треба да и врти грб на топката, дури ни кога таа е кај негов соиграч.

Голчиште на денот

Фудбалерите на Блекпул беа торпедирани со пет парчиња од Ридинг, но тие одговорија со најубавиот гол на средбата кој е дело на Стивен Дејвис.

Црвените ѓаволи владеат во Премиер лигата

Синоќешната победа на Манчестер против Кардиф не беше само најава за одличниот кам бек на Ван Перси, туку и достигнување на еден висок дострел.

Ван Перси е клучот на Манчестер Јунајтед

Актуелниот шампион на Англија е на маки цела сезона, а разочараноста на навивачите стана поголема кога паралелно со слабиот пласман во Премиер лигата, тимот овој месец се соочи со елиминација во двата англиски купови. Проблемот не може да се бара само во Мојс.

Најголемите симуланти на повреди ќе играат во аматерска лига

Се сеќавате ли на случката на италијанското дерби на срамот? Епа дисциплинската комисија на фудбалската федерација актерите “ги почести“ со најсочни казни и ги исфрли од лига.

Колекционерот на кој му фали дрес од Македонија

Запознајте го Саша Деркоп, германски колекционер кој има преку 200 дресови, а во неговата колекција му фали дрес од македонската фудбалска репрезентација. Во неговиот обид да дојде до еден, македонски репрезентативец се обидел да му го продаде за 250 евра.

Отсега играме без жолти

Естудијантес и Химнасија Ла Плата се големи аргентински ривали, па нивните дуели се „вжештени" дури и на пријателски натпревари, па судијата смисли многу добар начин како да спречи евентуални повреди.

Најконтроверзните изјави на Марадона за Пеле

И двајцата се поранешни светски прваци со своите земји, Марадона еднаш, а Пеле три пати, но тешко е да се каже кој е појак. Кога ФИФА го прогласи најдобриот фудбалер за 20 век наградата отиде кај двајцата, но Марадона не сакаше да ја дели со Пеле.

Верона го освои Скудетото, Милан и Интер во Серија Б

Најголемото освежување оваа сезона во италијанското првенство е ланскиот второлигаш Верона кој покажа дека со голема компактност, мотивација и малку пари може да се стигне до доста солиден пласман барем во првиот дел од сезоната.

Гвардиола ја надмудри Барселона

Најсилното оружје на шпанскиот стратег со кое беше неприкосновен на „Камп Ноу“ му успеа и со актуелниот шампион на Европа.

Најдобро изработената асистенција

На пријателски натпревар и тоа во последните минути од мечот кога се нема повеќе свежина, дефанзивецот на Молде, Вегард Форен тргна во долг елегантен дриблинг несвојствен за одбранбени играчи и на тацна му намести гол на својот соиграч.

Што носат најдобрите

Најк го победи Адидас со 6:5 според моделот на копачки кои ги носат фудбалерите кои беа избрани во најдобриот состав за 2013-та година.

Геометријата на Баерн Минхен

Имаме скриншот кој одлично ја отсликува идејата на играта на Баерн Минхен под раководство на Пеп Гвардиола.

Цел град го бојкотира дербито во Џенова

Ривалството помеѓу навивачките групи на екипи од ист град секогаш дека е огромно и ризично кога на програмата се игра градско дерби, но овој пат тоа донесе обединување, односно заеднички бојкот за еден од следните мечеви во Серија А.

Се повтори легендарниот слалом на Жорж Веа

Алесандро Мартинели од третолигашот Виченца постигна гол против Венеција со кој заслужено се најде во исто видео со легендарниот напаѓач на Милан.

Денот кога навивачите се жртви на играчи со краток фитиљ

Вообичаено фудбалерите се тие кои понекогаш се соочуваат со напади од пијани навивачи кои влетуваат на терен и напаѓаат, но овој пат во акција се впушти голман од Англија.

Офсајд судија на неделата

Овој делител на правдата слободно уште од сега можеме да го прогласиме и за офсајд судија на годината, затоа што додека следел курсеви и семинари за да стане судија утнал неколку часови и не ја научил најважната лекција.

Утки, утки, утки насекаде

Изминатиов викенд на фудбалските терени низ целиот свет видовме повеќе добри голчишта, но и неколку големи промашувања од кои актерите ќе се срамат цел живот.

Фудбал, дрога, секс, зебра и еспресо

Од шампион до шанкер. Така накратко може да се опише животот на Енди ван дер Мејде, еден од поранешните најголемите таленти во Европа чија кариера пропадна заради зебрата на неговата сопруга и тој сега стана специјалист за правење кафе.

Анегдотите за Еузебио

По смртта на најдобриот португалски фудбалер на сите времиња, деновиве во медиумите можевме да ги прочитаме сите оние стандардни факти за кариерата и успесите на Еузебио, но ова се малку поинтересни факти и анегдоти за „Црниот пантер".

Голови на неделата

Редовниот преглед на TVGOLO со голчиштата на неделата помеѓу кои се и мајсториите на Кристијано Роналдо, Погба, Пеле, Ди Марија...

Масовна суспензија на фудбалери

Најпознатото уругвајско дерби кое се одигра пред три дена имаше и трето полувреме во кое се случи масовна тепачка, а за тоа ќе одговараа дури деветмина играчи.