Фудбал

Дневната плата на Меси колку едно порше

Му го стокмија и новиот договор, вкупно седми во Барселона за девет години, овој пат од рекордни 20 милиони евра годишно. Тоа е доказ дека четирикратниот освојувач на „Златната топка“ ќе го гледаме уште долго на „Камп Ноу“. Еве како може да ги троши парите.

Голови на неделата

Мајсториите на Ремзи, Ди Натале и Левандовски се најдоа меѓу десетте најдобри погодоци од изминатата недела.

Сезона во знакот на Манчестер Сити и Ливерпул

Спортскиов викенд ќе биде осиромашен без Премиер лигата па затоа е време за краток осврт. Во центарот на вниманието беше кутриот Мојс, шоуменот Мурињо, спасителот Пулис, рекордерот Суарез и неговиот Ливерпул, шампионскиот тим на Пелегрини...

Ќе играат ли вака самба и утре?

Викендов се игра мечот на сезоната во Примера на кој ќе се решава титулата во директен дуел помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид, а ова видео од тренингот на Каталонците изгледа како да се на претсезонски подготовки.

Бразилците продаваат најмногу дресови во Јужна Америка

Иако се работи за голем пазар јужноамериканскиот континент не може да се мери со европскиот каде доминира продажбата на шпанските и англиските клубови.

Како се калеше пехарот

Викендов фудбалерите на Арсенал и Хал Сити ќе се борат за пехарот од ФА Купот кој е само трет во 143-годишната историја на ова натпреварување. За изработка на пехарот кој е тежок 6,3kg и висок 61,5cm на мајсторите им беа потребни 250 часа.

Најамбициозниот руски проект заврши во втора лига

Толку од ветувачката европска сензација, Анжи Махачкала. Милијардерот Керимов кој на Роберто Карлос му купи за роденден автомобил од 1,8 милиони евра и го направи Ето најплатен фудбалер во историјата, дигна рачна затоа што неговиот клуб немал доволно среќа.

СП Катар 2022 стана шпанска серија

Најконтроверзниот Мундијал за кој се постојано се зборува за проблеми од организациски аспект, сега не го признава ниту човекот кој најмногу се бореше да се одржи.

Велимирче Шушумигоски го нема во албумот на Панини

Македонскиот репрезентативец Велимирче Шушумигоски купил 500 пакетчиња со сликици од албумот на Панини за Светското првенство во Бразил, но не се нашол себеси.

Најголемите фудбалски клетви

Како тргнале работите, Бенфика ќе почека за европски пехар до 2062 година. Проклетите зборови на Гутман не успеаа да ги побијат ниту пеналџиите на португалскиот шампион. Гардијан ги има најинтересните вакви стории, но ако Жорже Жезус сака да остане тренер никако да не моча на терен.

Внимавајте на ветераните на Светско

На нешто помалку од 30 дена до стартот на Мундијалот ќе ви прикажеме неколку звучни фудбалски имиња со над 30 години кои веројатно летово ќе се простат од планетарните светски фудбалски собири. Помладите играчите треба да учат од нив што значи носењето на репрезентативниот дрес.

Навивачи и легенди на Левски ќе го носат Лацио во Софија

Сумата која ја побара тимот од Рим за да му гостува на бугарскиот клуб е превисока за раководните луѓе на Левски, но не и за нивните навивачи.

По пола златна копачка за Роналдо и Суарез?

Англиската Премиер лига заврши, а до крајот на шпанската Примера има уште едно коло, со што Роналдо може да го премине Суарез на листата на најдобри стрелци во Европа. Но што ако Роналдо не постигне гол?

Три екипи и два натпревари за титулата во Русија

За прв пат во историјата на Премиер лигата на Русија, три екипи во последното коло ќе се борат за титулата. ЦСКА Москва, Зенит и Локомотив Москва денес ќе ги одиграат решавачките 90 минути по кои само една екипа ќе се радува на трофејот.

Севиља преку пенали до трофејот од Лига Европа

По 120 минути без голови, фудбалерите на Севиља се покажаа како подобри изведувачи на пенали и го продолжија проклетството на Бенфика.

Ди Канио лузер, Пулис херој

Сезонава во Премиер лигата девет клубови направија тренерска смена, а само Фулам го менуваше тренерот два пати. Петмина од нив освоија повеќе бодови од своите претходници.

Конечниот список за средбите против Камерун и Катар

Македонскиот селектор Бошко Ѓуровски го скрати поширокиот список од 40 на 23 репрезентативци кои ќе ги одиграат двете контролки на крајот од месецов.

Офсајд ситуации во Бундеслигата

Од 34-те кола од сезоната 2013/2014 во германскиот фудбалски шампионат има одличен материјал за фаќање сеир. Германците направија листа со топ 10 најинтересни моменти кои се случија надвор и внатре од теренот, а тронот никој не може да му го одземе на голманот на Фрајбург.

Продолжува проклетството на Бенфика

По долга и исцрпувачка битка, фудбалерите на Севиља со 4:2 на пенали ја прославија третата круна во второто по ранг европско клупско натпреварување. Клетвата за Бенфика на унгарскиот стратег Гутман од 1962 година продолжува.

Кондуктерот кој стигна до финале на Лига Европа

Фудбалерот за кој светот допрва ќе дознава има животна приказна од која може да се сними филм. Карлос Бака вечерва ќе игра финале од Лига Европа, а до пред седум години за да го прехрани семејството работел како кондуктер во автобус и продавал риба во Колумбија.

Гол за Бабунски во дебито за Барселона

Најголемиот македонски фудбалски талент, Давид Бабунски дебитираше со гол во првиот тим на Барселона.

Сезона на рекорди за Суарез

Уругвајскиот напаѓач ја одигра најдобрата сезона во својата кариера и ги собра сите индивидуални награди во Премиер лигата, како најдобар играч и најдобар стрелец. Фантастичната сезона за жал не ја круниса со титула.