Во полуфиналето на Купот на Каталонија, екипата на Барселона против Џирона настапи со подмладен состав, а во него шанса доби и Давид Бабунски.
Македонскиот интернационалец максимално ја искористи дадената шанса и се запиша во листата на стрелци во 17-та минута од своето деби со првиот тим.
По израмнувачкиот погодок во 34-та минута, Барса повторно дојде во водство преку гол од пенал кој го постигна Куенка во 64-та минута, но само 4 минути подоцна Чандо повторно израмни со својот втор гол за Џирона.
Давид Бабунски ја напушти играта во 71-та минута од натпреварот, а Барселона повторно поведе со голот на Илие во 77-та минута.
Барселона е актуелен освојувач на ова неофицијално натпреварување кое се одржува по 25-ти пат, а во другото полуфинале Еспањол ја победи екипата на Сабадел. Финалето ќе се одигра на 21 мај.