Во пресрет на Светското првенство во Бразил, кај љубителите на фудбалот почна да владее и треската со собирање на популарните сликици, а магијата на Панини ја опфати и нашата земја.
Сликици собираат и старо и младо и машко и женска и во текот на вчерашниот ден се појавил мал недостаток во трафиките низ неколку населби откако еден човек купувал големи количини на пакетчиња.
Утрово преку Твитер дознавме дека тоа е македонскиот репрезентативец Велимирче Шушумигоски кој по примерот на неговите колеги од другите репрезентации, сакал да си ја најде сликичката со неговиот лик. Но немал многу среќа.
Шушумигоски им се пожали и на креаторите на албумот
но не доби одговор.