Бразилците продаваат најмногу дресови во Јужна Америка

Иако се работи за голем пазар јужноамериканскиот континент не може да се мери со европскиот каде доминира продажбата на шпанските и англиските клубови.

Во Јужна Америка клубовите за една сезона успеале да заработат вкупно 65 милиони долари од продажба на дресови, а меѓу нив најдобро им оди на бразилските клубови. 

Најголем бум направил тимот на Фламенго кој минатата година од 16 позиција, сега е прв со заработувачка од скоро 15 милиони долари. Веднаш под нив е Сао Паоло, а на третата позиција е Коринтијас. 

Овие цифри се неспоредливи со Европа, особено со Реал Мадрид кој во 2013 година продаде 1,4 милиони дресови и заработи 38 милиони евра. Најзаслужен за тоа е Кристијано Роналдо кој самиот успеа да продаде повеќе дресови од актуелниот европски првак Баерн Минхен.

16 мај 2014 - 16:11