Фудбал

Манијаци во Скопје

Фудбалерите на Металург го играат второто квалификациско коло од Лига Европа против тимот на Железничар кој ќе има голема поддршка на арената „Филип Втори“. Од БиХ допатува група од стотина навивачи познати како „Манијаци“ кои почнаа да ја билдаат атмосферата низ центар.

Кога не играме сме најјаки

Избраниците на Бошко Ѓуровски гледаа Светско еден месец и скокнаа за шест места на ранг листата на ФИФА.

Донираше Озил, но и Аргентинците

Пред почетокот на СП во Бразил, Месут Озил донираше сума за 11 болни деца од Бразил. Веднаш по освојувањето на трофејот, фудбалерот на Арсенал донираше и за Газа.

Премиерлигашите истрчале скоро 2.500 км во Бразил

Англичаните се стандардно лузери на Светските првенства, но затоа за пофалба се играчите од нивната лига кои заедно на ова првенство настапиле повеќе од 16 дена. Фудбалерите со најголема минутажа и километража на Мундијалот се оние на Челси.

Твитер и Фејсбук рекордери на Мундијалот

Финалето на Светското првенство на 13 јули е најкоментираниот настан во историјата на социјалните мрежи. Фејсбук објави рекорд од 280 милиони постови, коментари и лајкови за време на пресметката помеѓу Аргентина и Германија. Претходно приматот го држел Американскиот супер бол со 245 милиони интеракции.

Коленото и тетивата настрадале најмногу во Бразил

На Мундијалот се повредиле 28 играчи, а многу од нив како Нејмар и Ди Марија предвреме го завршија Мундијалот. Анализите покажуваат дека по шест играчи имале повреда на тетива и колено, а само по еден играч настрадале во око (Вон Берген), рака (Бабатунде), грб (Нејмар), потколеница (Дембеле) и препон (Костли).

Пет највлијателни фудбалски менаџери во Светот

„Околу најспоредната работа на светот секогаш се вртеле многу менаџери, тренери, агенти и сомнителни газди, но се' додека договорот со посакуваниот играч не е потпишан, тие не може да се пофалат дека постигнале многу" – вели кралот на агентите, Хорхе Мендез.

Автоголовите на СП во Бразил

По СП Франција 1998, каде паднаа рекордни 6 автоголови, Мундијалот во Бразил влегува на 2. место со 5 „дунстери“ кои ја пикнаа топката на погрешно место. 

Офсајд тим на денот: Блекпул

Во нашата омилена рубрика каде последен пат го сместивме Камерунецот кој го излажаа дека ќе оди на Светско, сега имаме цел тим. Се работи за второлигаш од Англија на кој очајно му се потребни играчи.

3 години без ривали

По 3 мошне успешни години, поранешниот капитен на Јувентус, Антонио Конте ја напушта клупата на најтрофејниот италијански клуб. Тој е единствен тренер во Серија А кој успеа во една сезона да освои повеќе од 100 бодови.

Од дружба со нарко-дилери до мундијалска ѕверка

Пред Светското во Бразил на голема сцена беа претставени најатрактивните фудбалски ѕвезди на светот, список на кој речиси никој не го споменуваше Хамес Родригез, Колумбиецот кој ќе стане прв стрелец на турнирот.

Кој глумеше најдобро во Бразил?

Златната топка отиде во рацете на Меси, Златната копачка кај Родригез, а Златната ракавица ја освои Ноер. Имаме топ 5 листа со фудбалери кои со лажно паѓање и офкање се обидуваа да добијат нешто што не заслужуваа од судиите. Како на пример Фред кој изглуми пенал против Хрватска на отворањето.

Тајната на Германците е во младите

Селекцијата на Германија крахираше на две Европски првенства во низа. ЕУРО 2000 го заврши со само еден бод, а без ниту еден триумф и со елиминација во првата фаза мина на ЕУРО 2004. Лекцијата ја научија и репрезентацијата почнаа да ја градат од нула. Таа стратегија им донесе Златен пехар на Маракана.

5 минути слава за 6 месеци затвор

Во пресрет на СП, властите во Бразил направија неколку измени на законот за спортски манифестации, при што секое влегување во теренот пред, за време и по одигрувањето на натпреварите се казнува со 6 месеци затвор. Тоа не спречи неколку камикази да стигнат до своите 5 минути слава.

Топ 3 голови од Мундијалот на хартија

Светското во Бразил ни донесе многу ефикасен фудбал особено на натпреварите од групната фаза. На 64 меча беа постигнани 171 погодок, а најатрактивните може да ги видите и преку цртеж.

Селекторска вртелешка по СП, кој останува а кој си оди?

По историскиот срам кој Бразил го доживеа на свој терен после поразите од Германија (1-7) и Холандија (0-3), на селекторот Сколари не му преостана ништо друго освен да си ги спакува коферите. Заминаа уште и Прандели, Сантос, Ван Гал и Ѕакерони, а селектори остануваат Пекерман, Сушиќ, Сампаоли, Хоџсон и Ковач.

Меси vs Ноер

Најдобриот голман на Светското слободно можеше да го добие признанието и на Меси. Бранеше перфектно на сите мечеви, се фрлаше како мачка на секое можно место во шеснаесетникот, а често интервенираше и надвор од него. Статистички во еден параметар успеа да го “изеде“ лидерот на Аргентина.

Последните секунди со Родригез

Напаѓачот на Монако летово на 22 години го одигра првиот Мундијал во кариерата, а повикот за Колумбија го искористи за да стане најдобар стрелец во најсилната светска конкуренција со 6 голови. Последниот свиреж на Рицоли вчера за него не беше важен за тоа кој ќе стане Светски првак.

Балканците со германска висина и тежина

Највисоки, најголеми и оправдано најдобри, „панцирите“ предводат во статистиките за селекциите на Светскиот куп во Бразил 2014. Чилеанците најниски, Гана најмлада, Балканците и високи и тешки.

Дали Меси ја заслужи наградата најдобар играч на СП?

Потребни беа 113 минути машки фудбал, но на крајот победија подобрите. Меси ја поведе Аргентина до финалето, но не успеа да го крене трофејот на крајот. Дали имаше покорисни играчи од него на штотуку завршеното СП?

Отсутниот Меси

Најдобриот играч на планетата кој беше прогласуван четири пати по ред од страна на ФИФА делуваше целосно збунен и отсутен по поразот во финалето од Германија, но и незаинтересиран како лидер на тимот да ги утеши своите колеги кои многу поемотивно го доживеаа поразот.