Со освојувањето на златниот пехар во Бразил, Германците добија премија од 300 илјади евра по играч. Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил (25) реши целосната сума да ја даде во добротворни цели во појасот Газа.
Имено и пред почетокот на Мундијалот, Озил донирал околу 240 илјади евра за 11 болни деца во земјата домаќин на првенството.
Нешто слично направија и Аргентинците, кои по завршувањето на турнриот префрлиле околу 100 илјади евра во една болница во Буенос Аирес.