Фудбал

Џокерот Гетце и донесе „Златен пехар“ на Германија

На само седум минути пред стартот на пенал серијата, резервистот на Јоаким Лев со мајсторски прием и погодок ја замолчи аргентинската публика на „Маракана“ и и` ја донесе Светската титула на Германија, вкупно четврта во нивната историја. 

Нов дебакл и свирежи за крај на Бразил

Избраниците на Луис Фелипе Сколари на најнеславен можен начин ја завршуваат мундијалската авантура пред својата нација од 200 милиони жители. По срамната седумка од Германија, Бразилците примија нови три голови од Холандија.

Кој е Никола Рицоли?

Роден во Мирандола близу Болоња, 42 годишниот делител на правдата е вториот најдобар судија во светот за 2013 година. Неделното финале на „Маракана“ помеѓу Германија и Аргентина ќе биде прво во неговата кариера на Светските првенства.

Меѓу Бразилците се кријат мајстори за билијард и сликање

Само еден репрезентативец на Бразил ја имаа таа привилегија во сите досегашни клубови во кариерата да освојува шампионски титули со својот Ибрахимовиќ. Еден од напаѓачите пак (не е Нејмар) ја пали женската нација со својот задник.

Голмани не се радувајте предвреме

Овој голман од Мароко многу рано почна да се удира во гради, па радоста се префрли кај тој што го шутираше пеналот.

Канибалот им кажа збогум на „Црвените“

Контроверниот уругвајски напаѓач Луис Суарез и официјално му се приклучува на каталонското друштво откако Ливерпул и Барселона го стокмија конечниот договор за неговиот трансфер.

Што навистина се случи на Бразил - Германија

По два дена се појавија првите детални анализи за крахот на Бразилците. Целиот натпревар во видео од неполна една минута. И тие што не разбираат фудбал ќе разберат.

Маскерано: Си го одрав задникот

Хавиер Маскерано со перфектен лизгачки старт го скроти ударот на Робен во последните секунди од полуфиналето меѓу Аргентина и Холандија. Кога во микс зоната новинарите го прашаа за херојскиот потег, одговори најотворено што може за тоа што го почувстувувал во тој момент.

Зошто Холанѓаните се портокалови лавови?

Кога игра Холандија фудбал има две работи кои нема шанси да не ги забележите. Тоа се големиот број на навивачи кои од глава до пети се во портокалова боја и љубовта кон лавовите во кои обично се маскираат.

Репортер со германски дрес меѓу Бразилци

Украинец со дрес од Германија и шал од Бразил известува за дебаклот на домаќините. Го имавме тажниот и очајниот, а сега го имаме и најфрустрираниот цреп кој непотребно му се истури на репортерот. Вината треба да ја бара тука.

Бугарскиот пресврт против Германија

Бугарите имаат играно на седум Светски првенства, а најмногу го раскажуваат она од САД 1994 каде на денешен ден во четвртфиналето успеаа да го елиминираат бранителот на титулата. Легендарниот Лотар Матеус го отвори резултат од пенал на стартот во вториот дел, но Стоичков и Лечков за три минути го покорија Светскиот шампион.

Каде да се шутира пенал?

На појаката страна на оној што шутира, така? Погрешно, бидејќи голманите тоа брзо ќе го научат. Тогаш, на послабата страна? Пак погрешно.

Доколку уште не ви е јасно за Бразил

Аналитичарите кои сè уште имаат мака да објаснат како се им се случи резилот на домаќините, нека обрнат внимание само на периодот од 23 до 29 минута од мечот. Таму лежат клучните причини за срамот на Бразил кој колабираше за само 6 минути поради заспаната одбрана.

Знаеше ли Ван Гал за податоков?

Клишето „Тимот кој победува не се менува“ можеби ќе му завршеше работа на селекторот на Холандија во пенал серијата против Аргентина. Во четвртфиналето против Костарика го внесе мозокот за пенали во вистински момент, но синоќа не го стави во план. На голот до крај остана Јаспер Силесен кој никогаш во кариерата не одбранил пенал.

Трауми од Германија

Во ситуација кога имаме тапа полуфинале за кое освен пеналите нема што друго да се запише, се враќaме уште еден ден порано кај навивачите на Бразил.

Пенал серијата кобна за Холандија

По 120 минутна бледа фудбалска претстава фудбалерите на Аргентина благодарение на двете одбрани на Ромеро обезбедија пласман во финалето на Мундијалот во Бразил за кое сонуваат уште од времето на Марадона во 1990 година.

Најнеочекуваните фудбалски резултати низ историјата

Бразилците без Нејмар и Силва влегоа ослабени против Германија, но ретко кој очекуваше дека ќе окркаат седмица. Разни шокантни епилози од натпревари сме гледале и во минатото, како на пример примените шест голови на Манчестер Јунајтед или титулата Европски шампион за Грција.

Стариот Бразилец го предаде пехарот

Сликата што не ја видовме е кога стариот и го предаде пехарот на една навивачка на Германија, порачувајќи и: "Носи го во финале. Како што можеш да видиш не е лесно, ама го заслужувате. Честито."

Сите голови на кралот на Мундијалите

Најдобар стрелец во историјата на германската репрезентација со 71 гол. Најпрецизен на Светските првенства со 16 голови и единствен фудбалер на планетата кој пет пати стигнал до полуфинале на Светските и Европски првенства.

Резил на Бразил со рекордни седум примени голови

Германската машинерија испиша нова историја на 20 Светско фудбалско првенство. Со триумф од 7:1 немилосрдните избраници на Јоаким Лев ја остварија највисоката победа на полуфиналните средби на Мундијалите.