Великаните на светскиот фудбал редовно стигнуваат до завршницата на Мундијалите. Петкратниот Светски шампион има одиграно 11 полуфиналиња на кои загубил само еднаш во 1938. За Германците ова е четврто во низа, но го немаат поминато од 2002 година.
Селекциите на Германија и Холандија имаат најмногу играчи од домашното првенство во оваа фаза од Мундијалот, Аргентина е полна со “Италијанци“, а од шпанското првенство осуммина фудбалери ќе истрчаат во завршницата.
Тажните приказни деновиве околу Светско не се поврзани само со Нејмар на кој очајно му се игра до крај. Осум годишник од Ирска додека си играл во парк со другар, албумот со сликици го заборавил на клупа. Кој има дупликати нека му ги прати на детево.
Го измислија нормално Јапонците во 1988 година, но кај нас стаса некаде на средина на 90-те. Си бираш тим, формација и играчи, а ако имаш два џоистика го викаш и најверниот другар. Претходно најважно е да имаш напишано домашно за да те пуштат да играте барем 3-4 саати.
Првото квалификациско коло од Лига Европа мина во знакот на Словенците и Црногорците кои покажаа дека појма немаат како да замаскираат договорен натпревар. Срамот најмногу го изеде голманот Владан Гилјен, а за текот на резултатот пристигнувале информации во УЕФА.
По вкупно 407 постигнати голови и 21 трофеј во кариерата „fivethirtyeight“ прави детална анализа посветена на учинокот на четирикратниот освојувач на „Златната топка“ и тврди дека никој не му e рамен на планетава за фудбал.
Херојот на Холандија кој 120 минути дремеше на клупа, а потоа незагреан влезе на терен и го реши четвртфиналето, успеа да ги прочита сите пет пенали од кои одбрани два. Но ритуалот му почнува пред да почне да се фрла.
Селекцијата на Холандија е последниот полуфиналист на мундијалската фудбалска претстава во Бразил. Луи ван Гал направи голманска измена во 120 минута, а нововлезениот чувар на голот на „Лалињата“ Тим Крул одбрани два пенали за елиминација на Костарика.
Мундијалската завршница доби уште еден великан помеѓу најдобрата четворка. Фудбалерите на Аргентина во стилот на Германија, со само еден погодок на стартот од натпреварот се избори за полуфинале, каде ќе го чека победникот од дуелот помеѓу Холандија и Костарика.
Фудбалерите на Бразил остануваат во игра на најголемиот спортски настан благодарените на дефанзивните фудбалери кои со два погодока ја израдуваат домашната спортска нација. Полуфиналето помеѓу Бразил и Германија ќе биде финале пред финалето.
Германската машинерија е првата селекција која обезбеди полуфинале на мундијалскиот празник во Бразил. Само еден гол беше доволен за „Панцирите“ да го продолжат патот на Светското првенство каде ќе им застане победникот од дуелот помеѓу Бразил и Колумбија.
Амунд, Идар, Торје и Ерик е првата четворка во историјата на фудбалот која имаше среќа да се најде во иста екипа. Браќата се родени во ист ден, коинциденција која не веруваме дека се случила во некој друг спорт, а ниту кај некој во маало.
Изведувањето на ударот од 11 метри под називот „парадиња“ е пред да шутнеш да земеш долг залет за да го измамиш голманот и да го натераш да се фрли предреме, по можност на погрешна страна. Нејмар успешно го изведе во осминафиналето против Чиле, а го вежба и пред мечот со Колумбија.
Дебитираше за репрезентацијата на Белгија на пријателски меч против Франција во октомври 2011 година и со тоа стана најмладиот голман кој со 19 години настапил за оваа селекција. Од тогаш бележи 21 настап за својата земја и не губи ниту еднаш.
Чуварот на голот на Ајакс иако живее на само неколку минути од тренинг базата на клубот, задолжително се јавува дома за да каже дена стигнал жив и здрав. Еден негов репрезентативен колега кој живее во стан, на девојка му и донел дома коњ.
Белгија - САД заврши 2:1, меѓутоа разликата ќе беше далеку поголема ако Тим Хауард не направеше 16 одбрани, што е повеќе од кој било голман на Светските првенства во изминатите 50 години.
Двете големи фудбалски сили предводени од Лев и Дешамп утре ги чека тешка рововска битка во првото четвртфинале во Бразил. Пред 32 години таа резултираше со шест голови, изведување на пенали, но и брутален неспортски фаул кој не се случил досега на Мундијалите.
Министерството за религиозни прашања на Алжир им дозволи на фудбалерите да јадат пред мечот против Германија. Но М'Боли Раис реши до крај да ги испочитува рамазанските пости, а енергијата против Германците ја собираше по заоѓањето на сонцето кога е дозволено да се јаде за време на светиот муслимански месец.
Комичното паѓање на Томас Милер против Алжир е само мал дел од богатата колекција на шутеви од прекин со кои има многу разни комбинации. Швеѓанецот Томас Брулин ги изведуваше школски, нашиот Марио се обиде со глава, а некои не ни шутираат.
По тридецениска тренерска работа, Отмар Хицфилд се повлекува од фудбалот. 65 годишниот германски стратег заслужува да биде запаметен заедно со најдобрите тренери од Европа кои направија извонредна кариера.