Отсутниот Меси

Најдобриот играч на планетата кој беше прогласуван четири пати по ред од страна на ФИФА делуваше целосно збунен и отсутен по поразот во финалето од Германија, но и незаинтересиран како лидер на тимот да ги утеши своите колеги кои многу поемотивно го доживеаа поразот.

Не сакаше ниту да ги слуша советите од селекторот по истекот на регуларните 90 минути.

Со четири голови тој е еден од најзаслужните за пласманот на Аргентина во финалето, но сосема неочекувана е одлуката на ФИФА да го прогласи за МВП на Мундијалот:

- Најдобар играч: Лионел Меси (Аргентина)

- Најдобар голман: Мануел Ноер (Германија)

- Најдобар млад играч: Пол Погба (Франција)

- Најдобар стрелец: Хамес Родригез со 6 голови (Колумбија)

- Награда за фер плеј: Колумбија

14 јули 2014 - 01:07