Фудбал

Смени вера, 11 клубови и ќе заигра во Индија

Кој е при крај со кариерата последниот пар копачки нека го спрема за во Индија каде се ближи стартот на мини лигата. На познатите ветерани Дел Пјеро, Љунберг, Трезеге друштво ќе им прави и Николас Анелка кој нема одиграно натпревар 6 месеци.

Роналдињо мета на расистички испад на политичар

Бразилскиот фудбалер уште не дебитираше за својот нов клуб во Мексико, а веќе се соочи со расистички навреди.

Штиклата на ФеноМенез

Во дуелот Парма - Милан кој донесе дури 9 гола и 2 исклучувања, Французинот Жереми Менез го направи потегот на викендот. На „Енио Тардини“ во дресот на Парма заигра и нашиот репрезентативец, Стефан Ристовски.

Продолжува голготата на навивачката на Гремио

Иако се извини и побара да ѝ се прости, Патрисија Мореира сè уште нема мир по расистичкиот испад што го имаше за време на дуелот Гремио - Сантос.

Ван Гал отпуштил 17 играчи и вработени од ерата на Мојс

Откако пред почетокот на СП во Бразил потпиша договор со Манчестер Јунајтед, холандскиот тренер реши да се ослободи од голем дел фудбалери со кои лани Дејвид Мојс заврши како седми.

Ако претседателот лаже, Твитер не лаже

Шпанскиот прволигаш Хетафе се најде во незгодна ситуација, откако објави дека не добил никаква понуда за Педро Леон, а самиот фудбалер подоцна го објави документот на Tвитер.

За Пандев Неапол е поубав од Рим и Милано

Поранешниот капитен на Македонија, а сега играч на турскиот Галатасарај во интервју за тв каналот на турската фудбалска лига го фали начинот на живот на југот од Италија.

Ван Бастен на принудна пауза поради срцеви проблеми

Иако одржа уште неколку тренинзи во септември со неговиот Аз Алкмар, клупските лекари му наложиле да одмори од фудбалот и да се посвети на здравствените тегоби.

Се бара: кичма

Мечот меѓу Спортинг Белграно и Хуракан во аргентинската втора лига заврши 1-1, а единствено нешто по што вреди да се запамети е потегот на малиот Пити Гонзало Мартинез.

Добија пиво колку што се тешки

Како награда за победата во финалето на Лига Европа, спонзорот на Севиља пиварата Крузкампо го одржа ветувањето и им подари на сите фудбалери пиво колку што се тешки.

Кеита стана четвртиот натурализиран фудбалер на Шпанија

По дебитантскиот настап за Мунир Ел Хадади, во шпанската репрезентација би можел да заигра и напаѓачот на Лацио Кеита Балде.

Шпанија го претрка Мароко за Мунир

Селекторот на шпанската репрезентација, Винсенте Дел Боске ја скокна хиерархијата во нападот на фуријата за да му направи место на младиот Ел Хадади.

Од ирачки бегалец до најдобар играч на Свиндон

Кога таткото на Јасер Кашим со 700 долари решил да го пресели семејството во Лондон, никој не помислувал дека син му ќе стане познат професионален фудбалер.

Шкотскиот Меси ќе игра за Спортинг Лисабон во ЛШ

Иако игра за вториот тим на португалскиот гигант, Рајан Гаулд се најде на списокот играчи на Спортинг кои ќе им се спротивстават на Челси, Шалке 04 и Марибор во Лигата на шампионите.

Фудбалерите кои веќе не се дел од големата сцена

Како во секој спорт, така и во фудбалот е краток патот од големата слава до падот. Голем број фудбалери само на кратко ги искористија своите пет минути и веќе ретко кој знае каде играат во моментов.

Шпанците демонстрираа сила, Македонија поразена во Валенсија

Македонската фудбалска репрезентација со пораз го отвори квалификацискиот циклус, откако вечерва загуби 5:1 на гостувањето во Шпанија.

Хуманиот гест на Жолтата подморница

Шпанскиот прволигаш во четвртокот одигра пријателска средба против Селтик, а во составот на Виљареал се најде и 13-годишно момче кое боледува од рак.

Како Реал помогна Јунајтед да се издигне по авионската несреќа во Минхен

Иако важат за најголеми фудбалски ривали во историјата, клубовите од Манчестер и Мадрид негуваат пријателски односи уште од 1958 година и трагичниот настан на аеродромот во тогашна Западна Германија.

Жоржињо ги заигра децата во Неапол

Најпрвин не го препознаа на плоштадот Дуомо, па Бразилецот мораше да докаже дека навистина е мајсторот од „Сан Паоло“. Откако ги купи со неколку финти, изразија желба да се сликаат со него.

Чаби Алонсо во Баерн заради жена му

Големиот фонд на играчи беше првичното оправдание за трансферот на Баскиецот во редовите на михенски Баерн, но не било баш така.

УЕФА сака да го укине „голот на гости“

На дводневниот самит на најдобрите европски тренери во Нион се дискутирало и за промена на ждрепката за европските натпреварувања.

По агентот, сега и Пандев удри по Бенитез

Откако пред два дена, менаџерот Карло Палавичино отворено го обвини тренерот на Наполи за заминувањето на Пандев од екипата, сега и Гоче покажа со прст кон шпанскиот стратег.