Фудбал

Шурле пази те снима девојка ти

Репрезентативците тренираа, се спремаа и се дотераа за да слетаат на бразилските писти пред почетокот на Мундијалот. На фудбалерот на Челси и член на германската репрезентација Андре Шурле му требаше малку помош, но доби сеирџиско домашно видео

Нејмар има специјален однос со децата

Со 22 години и малку искуство во спортот, ѕвездата на Бразил има манири за пример со своите фанови. На четири дена пред стартот на најголемиот спортски настан за годинава тој ја “стоплува“ атмосферата во тимот и кај навивачите со две минути работа.

Нема одење на стадион со таблет

Зависници од фејсбук ако имате план да отиде на Светско со компјутер и веќе до прво полувреме да се испрчите со албум за да се пофалите дека сте таму, тогаш седете си дома. ФИФА забрани влез на стадион со било каква форма на компјутер.

Гуарин го намести шутот за Светско

Контролките овој викенд се последната можност за селекторите за испробување на некоја тактичка замисла на теренот. Играчите тоа го користат и за вежбање шутеви од далеку. Колумбија го совлада Јордан со 3:0, а во отсуство на Фалкао шоуто го презеде фудбалерот на Интер, Фреди Гуарин.

НБА финалињата од Џордан до Леброн Џејмс

Оваа сезона во најсилната кошаркарска лига во светот беше посебна за нас затоа што се гордеевме со дебитантот Перо Антиќ. Вечерва стартува кулминацијата наречена финале со истите протагонисти од минатата сезона Мајами Хит и Сан Антонио Спарс. Одиме со една мини историја со најдраматичните и најинтересните моменти од финалните серии.

Бесплатен влез на стадионите во Бразил

На само една недела до стартот (трпение до следниот четврток) Гугл мапс ни овозможува без карти да се прошетаме низ сите 12 стадиони во Бразил и сами да провериме конечно дали им се спремни.

Цела зоолошка ќе прогнозира на Светско

По славниот октопод Пол кој предвиде дека Шпанија во 2010 година ќе биде светски првак, цело животинско царство се даде на типување.

Кремот во Бразил чини половина милијарда

Скапите играчи од калибарот на Ибрахимовиќ, Бејл и Фалкао ќе ги нема летово на Светско, но тоа не значи дека без нив не може да се направи највредниот состав.

Опавчето на Паласио и поранешниот зет на Марадона

Вчера дознавте за занаетчиското средно школо на Манџукиќ, големото срце на Срна и мисицата на Ковач. Сега ги имаме најинтересните куси стории за Аргентинците кои за малку ќе го немале во напад голгетерот Игуаин.

Постер-распоред за Светското

Уште еден корисен распоред за Светското првенство во Бразил. Екселот ќе си го симнете и ќе го пополнувате на компјутер, а овој одлично дизајниран распоред можете да го отпечатите и залепите на ѕид како постер.

Македонија остана на 80-та позиција

На најновото рангирање на фудбалските репрезентации според ФИФА, македонскиот национален тим остана на истата позиција минатите два месеци.

Ѕидарот кој разбива во средниот ред на Уругвај

Покрај ѕвездите како Суарез, Форлан и Кавани во репрезентацијата на Уругвај во сенка паѓаат останатите фудбалери меѓу кои и еден ѕидар кој по професија е столар, а до репрезентацијата стигна со автобус.

Врвните играчи се повредуваат пред Светско

Долгите и напорни сезони и несреќните ситуации на теренот го осиромашија Мундијалот кој ќе биде без многу ѕвезди. Дополнителен проблем сега станаа и последните контролни натпревари и тренинзи на кои на повреди се жалат Роналдо и Рибери.

Сите пенали од Светските првенства

На 19 Мундијали изведени се вкупно 204 удари од белата точка, од кои 144 погодени и 60 промашени. Десниот дирек до сега бил погоден само еднаш, а од седумте удари над гол, во меморија ни остана оној на Роберто Баџо, по кој Бразил во 1994 стана Светски првак.

Од иста сте бе слепци

Им рече селекторот на Мексико на своите фудбалери кои загубија од БиХ со 1:0.

Манџукиќ е плочкар, а Роберт Ковач опасен женкар

Деновите до стартот на едномесечната фудбалска опсесија ги броиме на две раце. Пред да почнете да го следите светскиот крем собран на едно место, ќе ви пишуваме за тајните, навиките и останатите приватни пикантерии на фудбалските ѕвезди. Стартуваме со Хрватите.

Легендите кои не играле на Светско првенство

Најголем сон на секој фудбалер е да ги брани боите на својата земја на Светско првенство. Но некои фудбалери не беа доволно среќни, па љубителите на магичната игра не беа во можност да гледаат многу великани на Мундијалите.

Како Силва ја победи туберкулозата и стана капитен на Бразил

Тијаго Силва на 21 година одлучи да ја прекине кариерата по 6 месеци минати во болница заради туберкулоза. Две години подоцна тој стана репрезентативец, а денес е капитен со мисија да го подигне пехарот на Светското првенство во Бразил.

Покрај Нејмар со споени нозе

Ако случајно некогаш го сретнете Нејмар, за секој случај спојте си ги нозете. Можеби и вас ќе ви протне топка.

Овчо Светско првенство

Водејќи се по некоја стара традиција од своите предци, во централна Колумбија секоја година се одржува Светско првенство како дел од интернационалниот „Poncho Day“. 500 овци тренираат две недели како да шутираат топка и потоа ги облекуваат во дресови. Овчиот состав на Колумбија се покажа како подобар од Бразил кој го совлада со 4:3, благодарение на решавачкиот гол на Џејмс Родригез. Бееееееее...

Ѕвездите од втора лига стигнаа до Бразил

Пред две години беа дел од екипата на Пескара која по дури 20 години ја однесоа во Серија А. Потоа се разделија и направија трансфери како од соништата, а сега селекторот Прандели повторно ги спои и ги стави на списокот на италијанската репрезентација.

Македонски селски фудбал - Епизода 2

Почнавме тука со првата фотографија, потоа ни пратија уште, а денес ни стигна и првото видео. Ова е ново издание на серијалот „Македонски селски фудбал" со епизодата „Бањање по тренинг во Македонски Брод".

Еквадор мора да игра со повлечениот дрес

ФИФА не и дозволи на репрезентацијата на Еквадор да не го употребува дресот со број 11 кој беше повлечен од употреба по смртта на Кристијан Бенитез.