Квалификацискиот натпревар меѓу Шпанија и Македонија, покрај убедливиот пораз на нашата селекција, го одбележаа и првиот гол на Бускетц за „црвената фурија“ и дебито на младиот Ел Хадади.
По Бразилецот Сена, кој дресот на Шпанија го носеше на СП 2010 во Јужна Африка и натурализираниот Диего Коста, сега уште еден играч кој не е Шпанец би можел да го облече црвениот дрес. Станува збор за 19-годишниот Кеита Балде Диао, кој е Сенегалец роден во Шпанија. Тој сè уште не добил официјален повик од Иберискиот полуостров, но шпанските медиуми пренесуваат дека Дел Боске во него гледа идеален партнер на младиот Ел Хадади во нападот.
Кеита е во исчекување на шпански пасош, а доколку не го добие на време, би можел да остане на одлуката да игра за Сенегал, за кој настапи на пријателска средба. Правилата на ФИФА велат дека еден играч може да го замени репрезентативниот дрес само доколку нема одиграно официјален натпревар за друга селекција.
Целата ситуација будно ја следи и италијанскиот фудбалски сојуз, кој би морал да почека 5 години колку што е потребно државата да му издаде државјанство и пасош на Кеита.