Тренерот на Дортмунд не се смее на прес конференциите како лани, затоа што неговата екипа на девет натпревари во Бундес лигата собра само седум бода и има 14 бодови помалку од лидерот Баерн Минхен, против кого играат викендов.
Некои го викаат грекви, кај нас го знаеме како зига-зага, а во Англија го попримија полското the Poznan. Навивачите на Њукасл на тој начин вчера го прославија триумфот 0:2 против Манчестер Сити во Лига купот.
Светското фудбалско првенство во Катар се игра за 8 години, а уште сега почнаа дебатите како ќе се играло на 50 степени. ФИФА и УЕФА имаат спротивни ставови, а сега и клупската организација нуди решение за горештините.
На денешен ден, пред 20 години Раул Гонзалес дебитираше за кралскиот клуб во дуел против Сарагоса на Ла Ромаледа, каде и ја заврши одисејата во мадридскиот клуб.
Скоро имавме богат викенд на автоголови, а на компилацијата не може да не ги додадеме и овие двајца цареви кои во паника топката ја исфрлаа на погрешно место. Првиот падна на аматерски натпревар на Крит, а вториот на куп пресметката помеѓу Панахаики и Олимпијакос.
Екипата од северен Лондон сезонава три пати загуби на својот стадион, по што тренерот Покетино мисли дека не е до играта на фудбалерите или до тренерот, туку до теренот.
Од кога дојде во јануари годинава, 22-годишниот Египќанец упорно сака да го увери Мурињо дека треба повеќе да игра. По вчерашниот потег со Шрузбери во купот, можеби ќе игра повеќе.
Од луѓето што имаат задача цела кариера да бранат, најголема желба да биде шпиц има Рожерио Сени. Кога Сао Паоло во декември ќе му организира проштален натпревар, тие ќе останат без играчот кој истовремено се грижи за двата гола.
Играчите на шкотската екипа Данди први изведоа кечерски скок при прослава на гол, а овој викенд во идентичен стил продолжија фудбалерите на германскиот второлигаш Лајпциг.на мечот против Бохум.
Капитенот на Јувентус и Италија со 36 години и понатаму е најскапиот голман во историјата, а утре против Џенова ќе го има 500-от настап во најдобрата италијанска лига.
Индонезиските екипи, ПСС Слеман и ПСИС Семаранг поради претходно насилство играа куп меч зад затворени врати, но со тоа не успеаа да го сокријат срамот бидејќи снимката им излезе на интернет.
Фотографијата на Каталонците пред Ел Класико ја покажува недовршената клупска револуција сезонава. И покрај настапите на младите Мунир, Рафиња и Сандро, клубот од Камп Ноу ги има највозрасните првотимци во шпанската лига.
Бразилецот игра во нападот на Ница, го носи бројот 3 и стана познат по петте гола што му ги даде на Генгам минатиот викенд. Рекордот со 5 гола на 1 натпревар беше стар 30 години во француското првенство
Камерите прво ја уловија реакцијата на темпераментниот Валтер Мацари и неговиот помошник, а во ист стил викендов продолжија и на клупата на Атлетико Мадрид.
Голманот на Орландо Пајртс и капитен на ЈАР, Сензо Мајива е последниот во низата фудбалери кои ненадејно починаа во екот на кариерата. Низ историјата се случуваа и несреќи со кола, авион или за време на натпревар.
Голот на Ерик Ламела за Тотенхем против Астерас во ЛЕ ги наполни медиумите кои го величаа Аргентинецот, а пред него потегот го користеа Пеле, Роналдо, Ди Марија...
Фудбалерите на Олимпијакос ја добија 189-та дерби пресметка против големиот ривал Панатинаикос со 1:0, а по завршувањето на мечот навивачите настапија со морбиден ритуал на улиците.
Французинот успешно ја почна мисијата за поквалитетен фудбал во Индија, откако неговиот Пуне Сити ФК победи 2:0. Дел Пиеро, Капдевиља, Пирес и Љунберг веќе одиграа три кола во индијското првенство и се уште немаат дадено гол.