За постоењето на спортскиот фудбалски викенд, како и Лигата на шампиони во вторник и среда кажете му фала на Шефилд, односно неговите основачи. Од нив почна нашава болест.
Случувањата покрај теренот често се поинтересни од самиот натпревар, па така Мурињо, Венгер и Андре Виљаш-Боаш неколку пати беа главни во кадарот поради нивните реакции.
По одлуката на УЕФА, се огласија и федерациите на двете земји кои ќе се жалат на „неправедните казни". Најгласен во реакциите, селекторот на Албанија, Италијанецот Џани Де Бјази, а сега се бунат и Данците кои сакаат нивни навивачи на мечот во Белград.
Во Баку го имаме Карас со кој муабетевме додека беше дел од Лудогорец. Таму е и Славчо Георгиевски, а во истиот град веќе четврта сезона настапува Муарем Муарем. Поради воен конфликт на границата со Ерменија, неговиот клуб веќе две децении е принуден да игра само како гостин. Синоќа во Украина беше клучен играч во победата.
Македонскиот репрезентативец мајсторски се ослободи од двајца дефанзивни за три бода на Карабах. Погодот постигна и Аријан Адеми, но Динамо Загреб загуби со 4:2. Без бодови остана и Абдурахими со Локерен на гостувањето во Турција во третото коло од Лига Европа.
Во Лигата на шампионите вечерва немаше толку голови, а ноќта ја одбележaа Реал Мадрид и Дортмунд со убедливи победи на гости против Ливерпул и Галатасарај. Шампионот на Италија загуби во Пиреја, а Арсенал направи пресврт на крајот во Белгија.
Минатото коло напаѓачот на ПСЖ доби втор жолт картон за славје кое не пројде кај судија во француското првенство. Синоќа го реши мечот во Лигата на шампионите против АПОЕЛ, но не беше санкциониран откако на ист начин го прослави голот. Ова се сите останати пиштолџии.
Дуелот меѓу Ливерпул и Реал Мадрид вечерва им носи средба во Лигата на шампионите. Последен пат тоа се случи пред 5 години кога ги носеа дресовите на Интер и Манчестер Јунајтед. Балотели го нарече Роналдо симулатор, но овој денеска му бега со 220 голови.
Дојде во Арсенал на 47, а денес полни 65 години и во моментов тој е тренерот во Англија со најдолг стаж во англискиот фудбал. Освои 11 трофеи, а видео архивата ни носи компилација од наговите 10 најинтересни реакции.
Најпознатата мелодија во европскиот фудбал се роди пред 22 години, а инспирацијата за неа доаѓа од свечената ода за монархиското крунисување „Свештеникот Садок".
На синоќешниот дуел меѓу Рома и Баерн имаше 60.000 домашни и 5.000 гостински навивачи, а седмицата на германскиот првак во живо ја гледаше и наш човек.
Вчерашното отворање на третото коло во ЛШ, ќе остане запаметено како најефикасно во историјата на ова натпреварување, со 40 гола на 8 натпревари. Покрај дерби дуелите на Енфилд и во Истанбул, вечерва Арсенал му гостува на Андерлехт, а Јувентус на Олимпијакос.
Откако Баерн Минхен ги размонтира среде Олимпико, поразот од 1:7 претставува најлош за еден италијански клуб на домашен терен во историјата. Досегашниот рекорд го држеше Интер по убедливиот пораз од Арсенал на Меаца.
Третото коло од ЛШ донесе седмици во Рим и во Борисов, каде Баерн и Шахтјор се поигруваа со противниците. Агим Ибраими промаши пенал во убедливиот пораз на Марибор против Челси, а во натпревар со 7 гола, Шалке го победи Спортинг со гол од пенал во судиското продолжение.
Пораз од 4:1 на куп натпревар во Перу тешко се прифаќа, а фудбалерите на Боливар не сакаа нути да го доиграат. На судијата дури петмина играчи му “се жалеа“ на повреда, па мораше да свири крај. За играта да продолжи потребни се седум во екипа.
Историја, традиција, радост, тага, легенда или со едно име Енфилд Роуд. Стадионот на кој се одржуваат комеморации, прослави на титули и разни манифестации поврзани со Ливерпул, градот кој живее за фудбалот.
Лигата на шампионите продолжува вечерва со натпреварите од третото коло, а мечот на вечерта ќе се игра на Олимпико во „вечниот град". Манчестер Сити во студената Москва пред празни трибини, ПСЖ на Кипар, Барселона против Ајакс во пресрет на Ел класико следниот викенд.