ЛИВЕРПУЛ - РЕАЛ МАДРИД (20:45)
Кралскиот клуб има максимален учинок по првите 3 кола во групата, а Ливерпул има победа и пораз;
- Ливерпул го победувал Реал Мадрид на сите три меѓусебни средби; Последен пат, „црвените" славеа во 1/8 финалето на ЛШ со вкупен резултат 5:0 во сезоната 2008/09-та; Во Мадрид беше 0-1 за Ливерпул, а англискиот клуб во реваншот славеше 4:0 со двата гола на Стивен Џерард;
- Поразот од 4:0 беше и најголем во историјата на Реал Мадрид во Лигата на шампионите;
- Реал победил на 5 од последните 7 гостувања во Лигата на шампионите, вклучувајќи го и триумфот против Лудогорец во минатото коло;
- „Кралевите" не загубиле на последните 3 гостувања во Англија, а во дуелите со премиерлигашите имаат 5 победи, 3 нерешени и 5 порази;
- Последен пат Реал Мадрид во Англија славеше пред 2 години, кога во 1/8 финалето победи на „Олд Трафорд" 2:1 со головите на Лука Модриќ и Кристијано Роналдо;
- Стивен Џерард на 15-ти октомври прослави 11-годишнина како капитен на Ливерпул;
- Клубот од Енфилд Роуд загубил само еден од последните 18 натпревари на домашен терен во натпревари од УЕФА;
- Ливерпул победил само 4 пати во 14 средби со шпански екипи и нивниот скор изнесува 4 победи, 6 нерешени и 4 порази на домашен терен;
Можни состави:
Ливерпул - Мињоле, Џонсон, Ловрен, Шкртел, Морено, Ален, Џерард, Хендерсон, Стерлинг, Кутињо, Балотели;
Реал Мадрид - Касиљас, Карвахал, Пепе, Варан, Марсело, Крос, Модриќ, Иско, Хамес Родригез, Роналдо, Бензема;
Повредени: Бејл, Хесе, Серхио Рамос, Коентрао;
ГАЛАТАСАРАЈ - БОРУСИЈА ДОРТМУНД (20:45)
- „Милионерите" од Дортмунд имаат максимални 6 бода по првите 2 кола и уште не примиле гол, а Галатасарај има само еден бод, освоен против Андерлехт;
- Последниот меѓусебен дуел на овие два тима се одигра во сезоната 1999/2000-та, кога во 4-то коло од УЕФА купот, Галата славеше 2:0 во Германија по ремито во Истанбул 0:0;
- Хакан Шуќур и Ѓеорги Хаџи беа стрелци на тој меч, после кој Галатасарај тераше дури до финалето каде го совлада Арсенал 4:1 на пенали;
- Двата тима се сретнаа и сезона пред тоа, во 1998-та кога во групната фаза од ЛШ, Дортмунд славеше 0:1 на гости и 4:1 дома;
- Галатасарај вечерва по 13-ти пат ќе игра дома против германска екипа; На последните 6 дуели против бундеслигашите, турскиот тим нема победа (4 нерешени и 2 порази; Досега вкупно против германски клубови Галатасарај има 2 победи 8 нерешени и 2 порази;
- Последен пат славеле дома против Ајнтрахт Франкфурт во сезоната 1992/93-та во 2.коло од УЕФА купот
- Вицешампионот на ЛШ од пред 2 години, Дортмунд ја игра десетата сезона во групната фаза;
- Борусија Дортмунд загубила само еднаш на последните 7 гостински натпревари, а победи 4 средби на гости;
Можни состави:
Галатасарај - Муслера, Чамдал, Чеџу, Семих Каја, Алекс Тељеш, Мело, Селчук Инан, Џемаили, Олчан Адин, Снајдер, Бурак;
Дортмунд - Вајденфелер, Пишчек, Хумелс, Папастатопулос, Гроскројц, Бендер, Кел, Обамејанг, Кагава, Ројс, Рамос;
повредени: Шахин, Шмелцер, Кирх, Дурм, Блашчиковски;
Лига на шампиони, 3. коло:
Група A: Атлетико Мадрид - Малме (20:45) / Олимпијакос - Јувентус (20:45)
Група Б: Ливерпул - Реал Мадрид (20:45) / Лудогорец Разград - Базел (20:45)
Група Ц: Баер Леверкузен - Зенит Петерсбург (20:45) / Монако - Бенфика (20:45)
Група Д: Андерлехт - Арсенал (20:45) / Галатасарај - Борусија Дортмунд (20:45)