Фудбал

Се појави дрон и во Премиер лигата

Инцидентот во Белград не треба да биде, но како да им станува инспирација на навивачите кои овој викенд управуваа со летало на стадионот Етихад.

Нема пенал за џудо потег

Кога веќе судијава не му даде картон или барем фаул за потегов, можеше да му даде поени за одлично извршена ката.

Руди Гарсија ги исмеа фоторепортерите

На прес конференцијата во пресрет на дуелот со Баерн Минхен, Французинот не дојде до збор од блицевите што светкаа на секоја секунда, па реши да им покаже на новинарите како е да се седи од другата страна.

Диего Коста знае и во рикверц

Претходно правецот го држеше со помош на Дрогба.

Спарта Прага и Слован ќе евоцираат спомени на Чехословачка

Натпреварот меѓу чешкиот и словачкиот клуб од ЛЕ можеби нема да биде најинтересен во четврток, но ќе биде прилика екипите да се присетат на дуелите од заедничката држава.

Размената меѓу Баерн Минхен и Рома

Третото коло од Лигата на шампионите кое стартува утре носи дерби пресметка меѓу германскиот првак и италијанскиот вицешампион. На Олимпико се враќаат Бенатиа и Гврадиола.

Голманот Маноне ќе им ги враќа парите на навивачите

По дебаклот на Сандерленд во Саутемптон (8:0), Италијанецот решил да зборува со целата екипа за да соберат пари и да ги утешат фановите. Саутемптон сега е трет, со само бод помалку од Манчестер Сити, а Сандерленд е 17-ти.

Шкендија - Вардар на собраниски и Монпеље - РК Вардар на Алфа ТВ

Од спортската програма за денес ви ги препорачуваме фудбалското дерби во домашната лига, ракометното деби на ЖРК Вардар во Лигата на шампионите и гостувањето на МРК Вардар во Монпеље, како и фудбал од најдобрите европски лиги.

Миро од Сплит до Комшија Хашим

Меѓу коментарите на социјалните мрежи околу инцидентите на стадионот ЈНА во Белград, големо внимание предизвика Хрватот кој му се обрати на Албанец на порталот Б92.

Лацио ги помирува Србија и Албанија

За да смират малку работа, тв каналот на Лацио ги собра на куп своите играчи од српската и албанската репрезентација, за да си пружат рака. (од лево кон десно) Лорик Цана, Филип Ѓорѓевиќ, Етрит Бериша, Душан Баста и Томас Стракоша.

Мурињо иронично му врати на Рој Кин

Откако Ирецот изјави дека малку фалело да го нокаутира Специјалниот по некоректниот потег за време на дуелот меѓу Челси и Астон Вила, Португалецот возврати во свој стил.

Го имаме ли дриблингот на сезоната?

Џордан Ботака од Ексцелзиор направи потег кој заслужува да го погледнете повеќе пати. Ние уште не знаеме како десното крило го изведе тоа.

Лорик Цана пред 6-месечна суспензија?

Капитенот на албанската репрезентација и фудбалер на Лацио, Лорик Цана би можел остро да биде казнет од УЕФА, по инцидентите на мечот Србија - Албанија во Белград. Играчот со потекло од Косовска Митровица се терети за напад на навивач кој влегол во теренот.

Венгер ме бараше од Вардар во Монако, а за трансферот се преговараше во Континентал

„Златната копачка“ за 1991 година ни раскажа како пукнала тиквата во Интер, кои европски гиганти го барале, што мисли за новиот Вардар, зошто не успеал да ја отвори фудбалската школа на Милан, за коментирањето со Калински, сомнителниот меч со Сампдорија...

Британците 15 минути без преносот од Ел Класико

Поради телевизиските права кои во Британија не дозволуваат пренос на странски фудбал во периодот од 14:45 до 17:15, целото дерби ќе доцни на островот.

Најдебелите фудбалери во светот

Повеќето од нив не се многу познати и се на крај на кариера, а некои се тазе повлечени, па веројатно повеќе се на софра отколку на трчање. Има и еден кој не можел да учествува на Светско, па направил пивски стомак.

И за ова ли се дава црвен?

Судиите често се навредувани поради спорни одлуки за пенал, корнер, фаул и аут. Што ли да каже голманот Жуниор Моралес од Хондурас по овој директен црвен картон?

10 години од непобедливите на Венгер

Арсенал го слави јубилејот од поставувањето на британскиот рекорд, откако „топџиите" ја освоија титулата по низата од 49 натпревари без пораз. На денот кога го славеше 19-от роденден, Вејн Руни од пенал ја прекина триумфалната низа на Арсенал.

Кога Галас сфати дека треба да се пензионира

Во Премиер лигата настапуваше за Арсенал, Челси и Тотенхем, а со Сините стигна до две титули во Премиер лигата. Во октомври 2013 година замина за Австралија и откако тотално се изгуби во јавноста, денес изјави дека на 37 години се повлекува од фудбалот.

Уметноста на Нејмар и Хашим Мастур

Во промотивен спот за Ред Бул, Бразилецот и 16-годишниот Мароканец кој од летово влезе во првиот тим на Милан прво играа фудбалче на Плејстешјн, а потоа покажаа малку магија во живо.

Најдобро дизајнираните автобуси за фудбалерите

Покрај опремата и стилот на облекување на играчите, фудбалските репрезентации и клубови многу внимание обраќаат и на изгледот на автобусот со кој се превезува екипата. Во изборот за најубаво дизјанирани автобуси влегоа оној на Милан, Реал Мадрид, Јувентус, англиската, германската и бразилската селекција.

Платини најави казна за сите

По неколкучасовен молк се огласи и претседателот на УЕФА, според кој и двете федерации ќе бидат одговорни за инцидентот. Во меѓувреме, српската полиција во Панчево го пронашла дронот и тој ќе биде проследен до органите на европската фудбалска унија.

Политичката омраза низ историјата на фудбалските натпревари

Во поголемиот дел од овие дуели земјите се раскарани на комшиска или политичка основа, па тензијата од трибините за кратко време се претвора во тепачка. Судиите тешко издржуваат со свирче да го контролираат мечот 90 минути, особено кога паѓаат жртви.