10. Енди Рид – Нотингем Форест (1.75м, 75кг)
Не е дебел како порано, но уште има сало и затоа се наоѓа на листава. 32 годишниот фудбалер кој една година играше со Тотехнем во Премиер лигата, годинава се бори да се врати во најелитното англиско фудбалско друштво.
9. Силвен Блеик (1.72м, 91кг)
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој не одигра ниту еден меч на ОлдТрафорд во моментов нема клуб откако му заврши договорот со Ипсвич. Напаѓачот на 193 меча постигна 64 гола за Вулверхемптон, но веројатно треба да ослабе за да најде ангажман.
8. Бени Мекартни (1.83м 87кг)
Играше за Ајакс, Селта, Порто, Блекбурн и Орландо, но држеше и добра линија. 36 годишнипт поранешен репрезентативец на Јужна Африка е најдобар стрелец во историјата на националниот тим со 32 голови, но од минатата година не е активен фудбалер.
7. Илкаи Гундоган – Борусија Дортмунд (1.80м, 80кг)
Играше во одлична форма, се додека не се повреди. Потоа се појавија фотографии на кој се виде дека пуштил стомак. Германскиот репрезентативец го пропушти Светското првенство ова лето, а додека го гледал веројатно претерал со грикци и пиво.
6. Кристијан Фабијани – Спорт Бојс Варнес (1.89м, 103 кг)
Има 31 години и игра на позиција напаѓач. Тоа значи дека не е престарен да се прави 100 кила. Аргентинецот играше и за Ривер Плејт, но со таа килажа добро што го примаат и во Боливија.
5. Џон Паркин – Форест Грин Роверс (1.93м, 85кг)
Поранешниот напаѓач на Кардиф отсекогаш бил голем. Има играно за повеќе нисколигаши во Англија, а од попознатите клубови играше за Стоук и Хал. Со 32 години настапува во петтата англиска лига и веројатно тоа му е максимумот.
4. Ерун Верхувен - Утрехт (1.95м, 103 кг)
Голманите и може малце да се опуштат во јадењето како на пример голманот на Утрехт кој претходно беше член на Ајакс. Тој е дефинитивно еден од подебелите фудбалери кој се најде на високата четврта позиција.
3. Адријано (1.90м, 88кг)
Едно од пославните имиња на оваа листа е бразилската ѕвезда која најдобрата форма ја држеше во Интер. Но откако почна да ги затвора дискотеките, го немаше на тренинг, а стомакот му растеше. Сега не може да си најде клуб, а има 32 години.
2. Адебајо Акинфенва - Вимблдон (1.80м, 86кг)
Најкрупниот играч во пониските англиски лиги е 32 годишниот Адебајо кој важи и за физички најсилен. Но веројатно тоа не е повеќе така бидејќи мускулите му се претворија во сало.
1. Стив Мекнолти - Лутон (1.85м, 88кг)
Стив е дебел и точка, тоа си го има признато и самиот уште на 15 години, затоа и заслужено е на прво место. Има 31 година и настапува во четвртата англиска лига.
Во овој микс на активни и пензионирани фудбалери, фали уствари најдебелиот кој едно време тежеше 118 килограми.