Најдобро дизајнираните автобуси за фудбалерите

Покрај опремата и стилот на облекување на играчите, фудбалските репрезентации и клубови многу внимание обраќаат и на изгледот на автобусот со кој се превезува екипата. Во изборот за најубаво дизјанирани автобуси влегоа оној на Милан, Реал Мадрид, Јувентус, англиската, германската и бразилската селекција.

ХОЛАНДИЈА

И покрај тоа што бојата на дресовите им е портокалова, Холанѓаните се возат во автобус со боја од третата варијанта на нивниот дрес;

АНГЛИЈА

Бусот со кој „Гордиот Албион“ се возеше низ Бразил, за време на Светското првенство летово, ги превезува Англичаните и за време на квалификациите за ЕП 2016;

БРАЗИЛ

Како и секоја репрезентација учесник на Светското првенство, така и Бразилците добија автобус, специјално подготвен за Мундијалот. Врз жолтата боја доминираат грбот на фудбалската федерација и знамето на Бразил:

САД

„Една нација, еден тим" е слоганот испишан на автобусот со кои Американците патуваат на домашните натпревари;

ГЕРМАНИЈА

Со пехарот од Мундијалот во Бразил, „панцирите" се провозеа низ Берлин во автобус подготвен за таа прилика;

АРСЕНАЛ

Освојувањето на англискиот Куп им овозможи на „топџиите" да го промовираат автобусот кој беше дизајниран токму за парадата и прославата на трофејот во Лондон;

МИЛАН

Во пресрет на новата сезона, италијанскиот клуб летово го претстави новиот клупски автобус, кој привлече големо внимание меѓу навивачите на Милан. Името на клубот е дизајнирано вдолж целиот автобус а упадлива е црната боја.

ИНТЕР

Слично како и нивниот градски ривал, и Интер се одлучи на дизајн преку целиот автобус, на кој доминира црната боја и клупскиот грб;

РЕАЛ МАДРИД

„Кралскиот клуб" се одлучи да се вози во автобус на кој има колаж од нивните навивачи;

ЈУВЕНТУС

Според „Purely Football“, торинскиот тим го има најдобро дизајнираниот спортски автобус, на кој името и грбот на клубот се како везени, а целиот колаж е составен од црната и белата боја.

ВАРДАР

Ракометарите и ракометарките на скопскиот клуб на почетокот од годинава добија нов клупски автобус, со кој патуваат на натпреварите во домашното првенство, но и на дуелите од регионалната СЕХА лига. Автобусот на Вардарци неколку пати беше позајмен и на ракометната федерација на Македонија.