Европската куќа на фудбалот сè уште не се огласи во врска со инцидентот за време на квалификацискиот натпревар меѓу Србија и Албанија во Белград. Покрај парични казни за двете страни, можна е и суспензија на стадионите, како и одземање на бодови во квалификационата група.
Според порталот Вечерње новости знамето кое синоќа се најде на стадионот ЈНА, го прошверцувал албански навивач во јакна, а акцијата почнала пред 7 дена.
Сето ова веројатно и немаше да се случи доколку албанските фудбалери му дозволеа на Стефан Митровиќ да го отстрани знамето за играта на продолжи. Потоа се степаа меѓусебе, па се вмеша публика, редари, полиција. За пофалба е Александар Коларов кој се обиде да смири ситуација.
Главна тема во српските медиуми по синоќешните инциденти на квалификацискиот меч помеѓу Србија и Албанија е кој го уфрлил и управувал албанското знаме на стадион. Едни демантираат, други се фалат.
Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Џон О`Ши и зема бод на Германија во 93 минута, а Роналдо и донесе победа на Португалија во 95-та. Нерешено заврши и дуелот меѓу Полска и Шкотска, а на сите останати квалификациски натпревари славеа гостинските екипи.
Квалификацискиот натпревар за ЕП 2016 помеѓу Србија и Албанија помина во хаос и се одигра само едно полувреме. Албанските навивачи со далечински управувач уфрлија знаме на терен, фудбалерот на Србија, Стефан Митровиќ се обиде да го отстрани, но гостинските играчи реагираа бурно по што настана тепачка.
Нерешениот исход против Молдавија (1:1) во квалификациите, дополнително го зголеми гневот кај навивачите на Русија, кои не можат да му ја опростат платата на селекторот.
На пријателски меч во Јапонија, бразилската ѕвезда запна да си го зголемува бројот на голови за репрезентација. На само 22 години стигна до 40 на 58 натпревари и е петтиот најдобар стрелец за Бразил.
Иако е на тренинг па можеби му успеало од 100-ти пат, младиот Саидо Берахино успеа да постигне гол од уште по мртов агол од корнер. Фудбалерот на ВБА минатата сезона заработуваше 850 фунти неделно.
15-годишниот фудбалер на Стромсгодсет вчера влезе во игра против Бугарија, со што стана убедливо најмладиот фудбалер што играл квалификациски натпревар за Европско првенство. Меѓу петте најмлади дебитанти има двајца од Лихтенштајн и по еден фудбалер од Грузија и Исланд.
Скандинавската селекција има гол-разлика 8:0 и 9 бода од 3 натпревари, откако вечерва ја совлада Холандија во Рејкјавик со 2:0. Рутински победи на Чешка Република и Хрватска, Италија се измачи со Малта. Реми меѓу Латвија и Турција и БиХ и Белгија.
На 27 и 30 години срамота е човек да го соблече националниот дрес, а двајца на тие години се откажаа од нашата селекција. Бошко Ѓуровски изјави дека играњето за својата земја е нешто посебно и емотивно, а тоа одлично го знаат и рекордерите по бројот на настапи.
Очоа, Оспина, Навас, Ромеро и Жулио Цезар беа во центарот на вниманието на Мундијалот во Бразил со еден куп клучни паради, но од тогаш наваму се само бледа сенка во европскиот фудбал.
Новоформираната Индиска Супер лига стартуваше викендов, а за промоција се погрижија Трезеге, Пирес, Дел Пјеро, Љунберг, Силвестре, Џејмс, Луис Гарсија и Капдевиља кои играат во 8 различни екипи, колку што има во лигата.
Артур Пик е најгордиот фудбалер на квалификациските средби за Европското првенство. Како трета опција на резервен фудбалер, доби шанса да игра против ѕвездите од Англија, а денеска сигурно му бараат автограми во војска.
Фудбалерот на Порто растура со атрактивни дриблинзи во дресот на Мексико. Синоќа вешто измами дефанзивец на Панама, а претходно од игра исфрли двајца Чилеанци.
Многу поранешни играчи се одлучија да ги носат своите синови на фудбал, ама некои од нив останаа малку подолго на терените, како децата на Паоло Малдини, Зинедин Зидан, Ривалдо, Ѓеорге Хаџи и Диего Симеоне.
Шпанија, Англија и Шведска ги оправдаа фаворитските улоги, а победничка вечер имаа и селекциите на Австрија и Словенија. Во нашата група Ц, Словаците се издвојуваат со три победи, а изненадување во првата ноќ од третото квалификациско коло за ЕП 2016 е резултатот во Русија.
По трите бода освоени против Луксембург, македонските репрезентативци вечерва не ги искористија шансите во дуелот против Украина, која го казни промашувањето на Адис Јаховиќ во првиот дел. Домашните не реализираа пенал, а нашите неколку зрели шанси.
Во новиот систем на квалификации, со шест дена по ред фудбал, вечерва се заокружи второто коло. „Панцирите“ поразени за прв пат во историјата од Полска. Финска, Грција, Ерменија, Србија, Данска и Албанија ги поделија бодовите.