Дебаклот на Рома е највисок во историјата на Италија

Откако Баерн Минхен ги размонтира среде Олимпико, поразот од 1:7 претставува најлош за еден италијански клуб на домашен терен во историјата. Досегашниот рекорд го држеше Интер по убедливиот пораз од Арсенал на Меаца.

По катастрофата во Манчестер во 2007-та, кога Римјаните загубија со идентични 7:1, навивачите на Рома синоќа добија нов шамар, овој пат на домашен терен, што е најтешкиот пораз на италијанско тло.

Германците водеа 5:0 на полувреме и многу се присетија на кошмарот на Бразил кој исто така после првите '45 минути доби петарда во Бело Хоризонте од Германија. Рома вчера вечер постави два негативни рекорди: За прв пат една италијанска екипа губела 5:0 на полувремето и примила 7 гола дома во еден натпревар.

Досега, негативниот рекорд на домашен терен за една италијанска екипа во ЛШ го држеше Интер, откако на 25. ноември 2003-та година загуби од Арсенал со 1:5. На ниво на Лига на Шампиони рекордот беше Жилина, која во 2007-ма дома изигра 1:7 со Олимпик Марсеј. Од синоќа рамо до рамо со Жилина, освен Рома е и Бате Борисов кој изигра 0:7 со Шахтјор, од кои 5 беа дело на Бразилецот Луиз Адриано.

Италијанските медиуми се навраќаат и во историјата, каде токму Рома загубила 8:0 од унгарскиот Ференцварош во Митропа купот, на 22. јуни 1935-та година.

22 октомври 2014 - 10:14