Дербито на вечерта во Рим, Ибраими против Челси

Лигата на шампионите продолжува вечерва со натпреварите од третото коло, а мечот на вечерта ќе се игра на Олимпико во „вечниот град". Манчестер Сити во студената Москва пред празни трибини, ПСЖ на Кипар, Барселона против Ајакс во пресрет на Ел класико следниот викенд.

РОМА - БАЕРН МИНХЕН (20:45)

- Првата меѓусебна средба на овие два тима се одигра во сезоната 1984/85 во 1/4 финалето на Купот на победниците на куповите. Баерн победи со вкупен резултат 4:1;
 
- Повторно се сретнаа во сезоната 2010/11-та во групите од ЛШ, кога Баерн славеше 2:0 дома, а Рома 3:2 на Олимпико, со головите на Де Роси, Тоти и Бориело;
 
- Рома со победа ја отвори сезонава во ЛШ, кога славеше 5:1 против ЦСКА Москва, а тоа беше воедно и најголема победа во ЛШ во историјата на римскиот клуб;
 
- Италијанскиот клуб на домашен терен против германските клубови има 7 победи 1 нерешена средба и 3 порази;
 
- Франческо Тоти играл на последните 4 натпревари  на Рома против германски тимови, а прв пат против Карлсруе во сезоната 1996/97-ма;
 
- Баерн Минхен последен пат гостувал во Италија пред 2 години, кога го елиминираше Јувентус во 1/4 финалето со вкупен резултат 4:0;
 
- Против екипите од Серија А, Баерн има 6 победи, 3 нерешени средби и 9 порази, а на последните 11 гоствања во Лигата на шампионите загубил само еднаш.
 
Можни состави:
 
Рома - Де Санктис, Мајкон, Јанга-Мбива, Манолас, Кол, Пјаниќ, Де Роси, Наинголан, Итурбе, Тоти, Жервињо;
 
повредени: Кастан, Стротман, Кеита;
 
Баерн Минхен - Нојер, Рафиња, Боатенг, Данте, Алаба, Лам, Алонсо, Робен, Милер, Геце, Левандовски;
 
повредени: Бадштубер, Мартинез, Реина, Швајншајгер, Алкантара.

ЧЕЛСИ - МАРИБОР (20:45)
- Челси за прв пат во европски натпреварувања се среќава со екипа од Словенија;
 
- Тимот од Лондон има четири бода во групата, откако во првото коло ремизираше со Шалке (1:1), а во второто го победи Спортинг во Лисабон (0-1);
 

- Челси по 12 пат по ред игра во групна фаза од Лигата на шампионите;

- Следниот викенд, Челси игра против Манчестер Јунајтед, но Мурињо решил да не одмора ниту еден првотимец:

- Лани, Марибор загуби 3-1 од Виган во ЛЕ, а победата во реваншот беше и прва против англиски екипи во историјата на словенечкиот клуб; Марибор има 1 победа 1 реми и 4 порази од англиски екипи, од кои 3 порази на Островот;

- Марибор загубил само еднаш на последните 7 гостински натпревари во Европа; По првите 2 кола, Марибор има 2 бода, откако ремизираше со Спортинг Лисабон и Шалке;

Можни состави:

Челси - Куртоа, Ивановиќ, Тери, Кејхил, Азлипикуета, Матиќ, Фабрегас, Вилијан, Азар, Оскар, Реми;

повредени: Дрогба, Рамирес, Ширле, Џон Оби Микел;

Марибор - Хандановиќ, Шулер, Филиповиќ, Мејач, Рајчевиќ, Вилер, Ибраими, Вршиќ, Бохар, Мертељ, Таварес;

Лига на шампиони, 3 коло:

Група Е: ЦСКА Москва - Манчестер Сити (18:00), Рома - Баерн Минхен (20:45);
Група Ф:
Апоел Никозија - ПСЖ (20:45), Барселона - Ајакс (20:45);
Група Г: Челси - Марибор (20:45), Шалке - Спортинг Лисабон (20:45);
Група Х: Бате Борисов - Шахјтар Доњетск (20:45), Порто - Атлетик Билбао (20:45).

21 октомври 2014 - 12:54