Во чест на неговиот јубилеен 50-ти роденден, италијанскиот канал Скај Спорт направи специјална емисија крстена како “History Remix”, каде изјавува дека уште како играч тешко се носел со неговата стресна професија.
„Имав проблеми со одговорноста и стресот и од тоа настанаа некои проблеми, но сериозни. Никогаш сум немал големи проблеми со срцето, туку отсекогаш сум бил многу емотивен. Пред натпреварите спиев малку, а како тренер ми беше уште полошо. На крајот, сите имаме само еден живот и се обидуваме да ни биде барем убав“, вели поранешната легенда на Ајакс и Милан.
Марко Ван Бастен минатиот месец поднесе оставка од тренерската функција во АЗ Алкмар, а холандските медиуми пишуваа дека тој имал тешки здравствени проблеми со срцето. Неговите проблеми тој всушност ги споредува со оние на Ариго Саки кој му беше тренер во Милан од 1987 до 1991 година и кој поради стрес во 2001 година престана со тренерската работа.
Ван Бастен кариерата како тренер ја започна во резервниот тим на Ајакс во 2003 година, а потоа беше селектор на Холандија. Потоа го водеше Херенвен, а сега во АЗ Алкмар не се повлекува целосно, туку ќе работи како помошник тренер.