Домашно првенство, Куп, Лига на шампиони, Светско клупско првенство. Од 3 октомври до 3 февруари Каталонците одиграа 27 средби и по поразот од Севиља ниту еднаш не излегоа од стадион со спуштени глави.
Можеби некој прв пат слуша дека шкотскиот легендарен стратег е прв кој загубил работа преку судење, а инаку со Абердин во финалето од Купот на куповите на победниците го совладал Реал Мадрид.
Кога Абрамович немаше абер да се укотви на Стемфорд Бриџ во Европа излегуваа Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Астон Вила и Нотингем Форест. Овие последните кои сега играат во втора лига често беа немилосрдни против Сините од Лондон. Во сезоната 1986/87 на гости ги совладаа 6:2, а во 1978/1979 и далечната 1907/1908 имаат победи од по 6:0. Најголемиот шамар го изедоа пред 26 години.
Врвни напаѓачи ја одбележаа оваа декада во која почнаа драстично да растат трансферите. Почнаа со легендарен дефанзивец на Рома, а завршија со едно незаборавно дуо на Интер кое не успеа да му се израдува на Скудетото.
Во 13-та минута од мечот Плимут - Викомб, се повредил домашниот голман Алекс Линч. Него го заменил Бери Ричардсон, кој допринел Плимут за првпат сезонава да не даде гол на домашен терен (гостите славеа 0-1).
Двете екипи од Манчестер во летниот преоден рок беа најголеми трошаџии во Премиер лигата, а минатиот месец не дадоа ни банка за играчи. Нетипично за клубовите кои го делат најголемиот колач во светот за тв права, овој зимски преоден рок ги штедеа фунтите, а најмногу трошеа Њукасл и Ватфорд.
Како ретко кој, достоинствено се носеше со сознанието дека е поранешен и дека на негово место ќе дојде Пеп Гвардиола. Чилеанецот по сè изгледа ќе оди на Стемфорд Бриџ или на Висенте Калдерон.
150 милиони евра за засилувања за еден месец, телевизиски пакет од 1,25 милијарди, понуди за годишна плата и до 20 милиони, најголема академија во светот, задолжително играње во 20.000 училишта. Со фудбалот во Кина нешто се случува.
Неколку потписи го направија генералниот директор на Јувентус лидер на трансфер пазарот во Италија и со кои го заслужи авторитетот кај најверните навивачи на Бјанконерите.
Во праволиниското спортско коментирање на поднебјево, се прашуваме како би било доколку има некој позитивец како Тициано Крудели кој целиот живот навива за Милан и ги коментира натпреварите на овој клуб за италијанскиот Скај Спорт. Урла против Карпи и Киево, па може да замислите како се однесува против Интер.
Трансфер преодниот рок во повеќето земји заврши синоќа на полноќ. Во Италија немаше нешто многу за одбележување (освен Едер во Интер), така што вниманието го доби случајниот минувач до новинарите од Скај Спорт.
Младински фудбалски натпревар во Алжир меѓу екипи со играчи до 14 години. Дали се роди новиот Франц Бекенбауер или детево со време треба да го стават да игра понапред?
Во ерата на доделување 3 бода за победа, Наполитанците никогаш во овој момент од сезоната немале 50 освоени бодови. Игуаин и Инсиње заедно имаат повеќе постигнати голови од 15 екипи во Серија А.
За човекот без кој Роман Абрамович не пиел кафе се смета дека има шесто сетило кога во прашање се младите фудбалери. Го намирисал талентот на Ван Нистелрој, Роналдо, Робен, Нејмар и многу други.
Иако е најкраток, кога ќе видите што сè има од фудбал во февруари ќе ви се види како најсладок. Ни следува ударна доза на дерби средби во Премиер лига, Бундеслига, Ла Лига и Серија А, а почнува и нокаут фазата од Лига на шампиони. Прекрасно.
Јуве одамна е познат по својата академија. Роберто Бетега, Карло Бигато, Доменико Кришито, Себа Џовинко, Клаудио Маркизио се најзнаменитите студенти. Сепак не добиваат шанса сите млади играчи.
Еден Азард минатата сезона беше прогласен за најдобар играч на Челси и најдобар играч во англискиот фудбал. Оваа сезона го нема никаде. На мечот против Макаби Тел Авив во групната фаза од ЛШ промаши пенал, исто како и во четвртата рунда од Лига Купот против Стоук во која Челси беше елиминиран, а Белгиецот единствен играч кој не реализираше од белата точка.
Торино 27 јануари пред 80 години, Алесандрија го разнела Милан со 6:1, а сега во 2016, екипата на Михајловиќ скромно го победи третолигашот со 0:1. Реваншот на Сан Сиро е на 1 март до кога Мечките ќе сонуваат влез во финалето.