Фудбал

Ја имаме фудбалската тепачка на годината

Освен што е позната по тангото, догата и необичната скара, светот ја знае Аргентина и по страшната страст кон фудбалот која често ги преминува границите на пристојноста. Тепачки на терените во оваа земја се редовна слика.

Тери и Челси, како беше?

Џон Тери објави дека на крајот од сезоната го напушта клубот во кој ја помина целата кариера и најверојатно ќе се пресели во американската МЛС лига.

По што навивачите ќе го паметат Немања Видиќ?

Во професионалниот фудбал, Видиќ играше за пет клубови и една репрезентација со две различни имиња. Навивачите на секој од овие тимови се сеќаваат на својот Видиќ.

Грчки фудбалери седнаа на трева и молчеа две минути

Фудбалски натпревар во Грција почна поинаку од вообичаеното откако сите играчи се организираа и оддадоа импривизиран почит на бегалците кои ги загубија животите во обид да стигнат до грчките острови.

Укината суспензијата на Реал и Атлетико Мадрид

ФИФА одлучи да ја укине казната на шпанските гиганти кои беа суспендирани поради кршење на правилата за трансфер на малолетни играчи.

Како се движеа трансферите во 80-те

И во тоа време најскапите трансфери изнесувале во милиони, но со таа разлика што најскапиот играч тогаш чинел 10 пати помалку од најскапиот во денешно време. Трансферите ги одбележале Марадона, Баџо, Гулит, Клинсман, но ниту еден од нив не бил најскап.

Тимот од провинција кој се прослави на голема сцена

Мирандес е екипа која важи за нагазна мина за фаворитите во шпанскиот Копа дел Реј. Со фантастичен фудбал добиваа аплаузи на Риазор, Ла Ромаледа, Санчез Писхуан и успешно се бореа на два фронта, во купот и првенството.

Најфраерски, без да тапне

На децава од Ливерпул треба да им дадат бонуси за ова. Едниот му дава долга топка од над 50 метри, другиот ја штопува на гради, не дава ни да му тапне и ја лупа во гол.

Кипарскиот клуб каде играа тројца Македонци служи за манипулација со трансфери

Членови на Аполон Лимасол беа Зоран Мисердовски (2001-2003), Христијан Кировски (2011-2012) и Бојан Марковски (2012-2014). Но приказната не е за нив, туку за моќниот Израелец кој преку овој клуб пере пари од трансфери на српски фудбалери.

Играчи кои го прославија ПСЖ пред шеиците

Пари Сен Жермен во моментов е еден од најбогатите клубови во Европа и во таква ситуација ретко кој ги памети фудбалерите кои беа симбол на оваа екипа кога парите не извираа од сите страни.

Барем еден се метна на него

Џастин Клајверт, еден од четирите сина на Патрик игра за тимот на Ајакс до 16 години. Младиот талент ги потсети навивачите на овој клуб како отприлика изгледаше голот на Златан Ибрахимовиќ кога ја изора цела противничка екипа како бавча.

Рекордери по повреди во Премиер лигата

Од последните 1.121 ден Даниел Стариџ се повредил 18 пати и пропуштил 614 дена. Има и бетер од него.

Рома заигра и во првата лига во Боливија

Искрено копајќи по нетов не откривме што е форава, ама прволигашки клуб од Боливија се појави со фејк дресови на Рома и тоа на официјален натпревар.

Во живо од кабината на асистентот на судијата

Бидејќи не гледаме каде е и што прави судијата кој му јавува на главниот арбитар во случај да треба помогне за некоја спорна ситуација на терен, еве ви го и тоа на мегдан. Одиме во живо од мечот меѓу Феенорд и Херенвен од холандското првенство.

Офсајд лик: Дал 6 гола и пак го загубил мечот

Поранешна легенда на Манчестер Јунајтед, која претходно има играно во нивниот градски ривал е најновиот наш Офсајд лик поради случката која најверојатно не се памети кај друг фудбалер откако постои овој спорт.

Ретро гол на Клоп во Мајнц

Неговите гестови како тренер се една од уникатните работи во модерниот фудбал, но за неговата играчка кариера не се знае многу. Како на пример за овој еврогол.

Среќен роденден Џиџи

Еден од најдобрите голмани во светот кој кариерата им ја посвети на Парма, Јувентус и Италија денеска полни 38 години. Ова е најдоброто од неговата 20 годишна кариера во која и најдобрите играчи на планетава немаа и сè уште немаат лек за неговите одбрани.

15 секунди со Даглас Коста

По 6 сезони и 5 трофеи по ред со Шахтјор, бразилското крило извади максимум во украинскиот шампион. Од оваа сезона неговиот напредок се вика Баерн Минхен, сосема заслужен дрес кој го носи.

Матните игри со познатите играчи на Партизан

Сомнителните и контроверзните потези во македонскиот фудбал за купен натпревар или местенка за кладилница ги слушаме само во чаршија. Кај Србите се раскажува отворено и храбро од човек кој бил внатре. Тема се задкулисните игри во контроверзните трансфери на Митровиќ, Настасиќ, Марковиќ...

Ако се молат 22 играчи, тогаш треба да заврши нерешено

Неверојатниот Холанѓанец три пати ја добиваше Златната топка за најдобар играч и како таков одлично ја познава фудбалската заедница.

Судан ќе ви покаже нешто со рабона удар

Овој специфичен вид на шут кога го гледате колку е тежок за издвојување си мислите како некој не се заплеткал до сега со нозете. Ма какво заплеткување, гледајте го дечково од Судан од каде успеа да даде гол.

Аугзбург и наочарите на Јирген Клоп

На германскиот клуб му претстои двомеч со Ливерпул во Лигата на Европа. Од таа причина на официјалниот Твитер на Аугзбург излезе слика со натпис: „До нашиот меч во Лига Европа остана уште помалку од еден месец. Мора да бидеме спремни за доаѓањето на Клоп и компанија".