Bookbox

Рејдиохед низ детски уши

На неколку деца од отприлика 5-7 години, значи пред школото да им ги затапи сетилата и од нив да направи мали уметнички медиокритети, им ја пуштаат Paranoid Android од Рејдиохед. Нивните осврти кон делото се бесценети, и стварно имаат смисла.

Јагнето спаси глава?

Се сеќавате на гилотината, јагнето и гласањето за неговото погубување? Епа јагнето изгледа ќе преживее. Или можеби само го смени егзекуторот.

Тито во Квинс

Ресторан чиј сопственик е Бошњак, каде келнерките се од Србија, а во соседство има хрватски бар, звучи како рецепт за катастрофа. Дури (или особено) ако се вика „Маршалот" и се наоѓа во Квинс. Кенан Требинчевиќ за берберот Џиџи, хрватскиот Колдлеј и бистата на Тито скриена зад шише ракија.

Огреала месечина

Во очекување на вечерашната „супермесечина" - поклопувањето на полната месечина со најмалото растојание меѓу неа и Земјата во текот на годината, одбравме неколку песни кои можете да си ги слушате дур ве осветлува. 

Маргинализирани во преводот

Гугл Транслејт неодамна објави дека има над 200 милиони корисници месечно. Тоа значи дека тој сега дневно преведува онолку колку што сите човечки преведувачи преведуваат во текот на целата година - милион книги.

Непознатиот мал принц

Неодамна откриените страници со белешки од славното дело на Сент Егзипери се изложени во аукциската куќа Аркуријал во Париз, каде на 16. мај ќе бидат понудени на лицитација.

Царот е гол!

Статуата на голиот римски император Трајан кој во рацете држи волк, која неодамна е откриена пред Музејот на националната историја во Букурешт, предизвика лавина негативни реакции.

Перо се обидува да го убие 'Д'

Не, не е некој Перо. и 'Д' не е кодно име за некој Дерек, Драгољуб или Дончо. Перото е она што пишува со мастило, а 'д' е онаа буквата, во случајов латиница.

 

Најомразениот збор во англискиот e...

Минатата недела Њујоркер ги повика своите читатели преку Твитер да ги наведат зборовите од кои радо би се отарасиле. Победникот (или повеќе, губитникот) е еден навидум сосема невин и прост збор - slacks, или вид широки пантолани.

Мачиња, пак

Ново во серијата „образовни мачиња“ - реплики на познати сликарски дела. Нели се слатки?

Анимирани Грци

Од Јужна Кореја до Непал, од Сингапур до Канада, мапата на светот во домот на Спирос Циунис во Сан Франциско е обележана со 70 знаменца, по едно за секој соработник во проектот - цртаниот филм „Тие, Грците“.

Ворнер Брос издава е-книги

Сценаријата за „Бен Хур" и „Казабланка" се дел од серија која ќе почне да ја издава познатата продуцентска куќа.

 

Девет трудови песни

Работата го создала човекот, ама и човекот не ѝ останал должен, па направил песни за неа. Зошто баш 9 песни, а не некоја заокружена бројка? Затоа што работата никогаш не завршува: турбините вртат, пресите штракаат, тастатурите горат. Или последново не се рачуна баш ко работа?

За писателите нема пари. Аха, и?

Во Хрватска веќе подолго време тече дискусијата околу статусот на писателската и издавачката фела. Особено драстични беа реакциите по објавувањето на намалените буџетски ставки за поддршка на културата за следната година. Оваа на Томиќ е сепак малку поинаква.

Болдрик пишува историски книги за деца

Тони Робинсон, нам попознат како Болдрик од серијата „Црна змија", веќе пишувал за старите Еѓипјани и Римјани, а планира да напише уште книги кои ќе бидат дел од серијата „Откачениот свет на чуда на Тони Робинсон".

Забавата заврши, утрото донесе

Секогаш ми бил истовремено и меланхоличен и некако убав моментот кога некоја просторија, до скоро полна со луѓе кои се забавуваат, одеднаш се празни. Енергиите на исполнетите желби и изневерените очекувања сепак се сè уште тука, и кружат, како духови.

Дали би убиле јагне со еден клик?

Уметност. Таа магична, мистична практика, која ви дозволува да правите сè во нејзино име. Пред публика може да се застрелате, да мастурбирате, да се пукнете со хероин. Сè може да мине.

 

Книгите полнат

Печатењето на хартија не е мртво, само има малку поинаква функција. Booksi е линија полначи за ајфон и ајпад, направени од стари книги.

Кога Ајнштан го сретна Тагоре

На 14. јули 1930, славниот физичар во својот дом близу Берлин го примил индијскиот филoзоф Рабиндранат Тагоре. „Науката и индиската традиција" од Дејвид Л. Гослинг го пренесува разговорот кој притоа го воделе, а кој се однесува на постојаниот судир помеѓу науката и религијата. Веројатно очекувате дека Ајнштајн е оној кој ја велича науката. Епа ќе се изненадите...

Том Џонс ја пее „Кула на песната“

Кога прв пат слушнавме (и објавивме) дека Том Џонс ќе го „препее“ Коен малку ни дојде шубе, да не испадне нешто „Секс бомб-секс бомб“. Но сега кога ја чувме песната велиме - алал вера.

Харвард нема пари за списанија!

Факултетскиот совет на престижниот Харвард издаде соопштение во кое ја објаснува ситуацијата со сопствениот библиотечен фонд. Го пренесуваме за да се види дека не само што е тешко да се објави научен текст во странско списание, туку дека во наши (а еве и во нивни) услови е невозможно тие воопшто и да се прелистаат.

Ороспија, колку тоа гордо звучи!

Една од најжестоките битки помеѓу конзервативците и либералите се води на полето на репродуктивните права. А едно од најубиствените оружја кои притоа се користи е јазикот. 

На кој јазик пушиш?

Во Босна сè мора да е тројазично. Дури и предупредувањата за штетноста на цигарите. Дури и кога нема ама баш никаква разлика во преводот. Неколкумина граѓани на Босна решиле да протестираат против ваквата глупост, со ова писмо до надлежните органи.