Оние кои подолго го следат Букбокс ја знаат неговата опседнатост со малите огласи по весници. Ама од денес ќе отвориме нов фолдер - хумористични или вистински огласи по бандери, дрвја и излози. Овој е од трогателните.
„Го сретнав гулабов близу библиотеката. Се дружевме некои 5 минути и потоа тој одлета, без предупредување. Навистина се зближивме. Ако го видите, ве молам кажете му дека копилето ми недостасува"