Шпанскиот арт колектив Лизинтеруптус неодамна, во склоп на фестивалот Светлина во зима во Мелбурн, постави „инсталација" од 10,000 книги собрани од Армијата на спасот на улиците на градот, за слободно земање. Целиот проект бил осмислуван еден месец, а исто толку и ќе трае, доколку дозволат временските услови. Книгите се осветлени (претпоставувам од светилки поставени врз улицата) и целата сцена делува баш фино. Единствено е малку зезнато што за да се разгледаат книгите треба да се гази врз другите. Ама па подобро отколку тие да завршиле на ангро на некој отпад.
Пред две години сличен проект беше организиран под Бруклинскиот мост, но со само 800 книги, во проект насловен „Литература наспроти сообраќај). Да пробаме со истото на некоја од скопските улици во шпицот? Така барем ќе бидеме сигурни дека книжевноста некого возбудила.