„Крилестата Ника Самотрачка“, мермерна скулптура на грчката божица, мириса како бел цвет од тубероза помешан со дрвенести тонови. „Разговор во паркот“ на Томас Гејнсборо има арома на тукушто процветани рози. A „Капачката“ на Жан-Огист-Доминик Енгр пак на ноти лаванда, портокалови цветови и масло од нероли.
Пет децении по првото емитување на „Летечкиот циркус“, луѓето кои се повеќе политички аналитичари, филозофи и пророци отколку комичари ќе го одбележат својот јубилеј на начин кој ќе покажел дека светов во којшто живееме станува сè „попајтоновски“. Камо среќа, бар ќе беше смешен.
Се вика Окракоук, и го формирале некогашни пирати, морепловци и морнари кои се помешале со домородното северно-американско население. Изолацијата си го направила своето, па јазикот на кој денес зборуваат жителите нема свој пандан во ниту еден друг американски говор.
Годината е 1931, во САД владее тешка прохибиција, а Черчил е дојден да држи 40 предавања. Самиот факт дека треба да го издржи сето ова без капка алкохол е неверојатен. Ама судбината му е наклонета - во вид на залетан автомобил.
Kyiv или Kiev? Ова се двата најчести начини на кои се пишува името на главниот град на Украина. Но иако се слични, една од овие транскрипции има непосакувана политичка тежина за Украинците.
Скоро 300 години се водел како загубен или уништен. Но сега портретот на една од најмоќните жени во историјата, чиј автор е еден од најголемите светски сликари, е пронајден и наскоро ќе се продава на аукција.
„Етио-џез“ денес е фузија на етиопска народна музика, фанк и западен џез. Но во него е вграден и еден необичен елемент, од култура која навидум нема никаква музичка допирна точка со Етиопија - ерменската.
Следењето на најголемиот светски собир на креативците од маркетингот, кој оваа година се одржа од 17-21 јуни, дава одличен увид во начинот на кој не само што се продава одреден продукт, туку и се моделира јавното мислење по однос на голем број актуелни прашања.
Минувајќи низ дневните вести за да се инспирираме за статија, наидовме на една која навидум нема никаква врска со Букбокс. Некој ја фотографирал внатрешноста на Тојотата на бившиот министер за надворешни и кандидат за иден британски премиер. И сцената ја опишал со збор кој неодоливо нè потсети на еден друг.
Сторија во која се преплетуваат легенди, фолклор, политика и лични животни судбини. Како онаа на еден даб и еден поштар, кој дваесет години кај дрвото оставал пораки од осамени срца, за кои тој станал главен стројник.
Дали риба во конзерва е вредна затворска валута? Дали ако имаш неконтролирано мокрење ти следи самостојна ќелија? Книгата на Карл Катермон го издигна на ниво на херој помеѓу неговите колеги-затвореници, а до сега кружеше како фотокопија. Утре, 20.06, го издава престижниот Пингуин.
Наместо да е темел на вистината, знаењето е концепт од камено доба, кој ни штети во секојдневниот живот во модерниот свет. Тврдењата на авторот на овој есеј се можеби спорни, сигурно вознемирувачки, но нудат интересен агол.
Во Базел од 11-15 јуни се одвиваше најголемото продажно уметничко шоу во Европа. На штандови на 290 галерии од 34 земји беа претставени над 4000 уметници. Голем дел се продадоа за милионски суми, веднаш по отварањето.
Кога Жил Верн ја објавил својата книга во 1873, патниците немале ни Букинг ни Каучсурфинг ни Гугл мапс. Сепак, подвигот на Финеас Фог да ја обиколи планетата и денес изгледа прилично амбициозен, освен ако некој не ти го организира така за ти само да се појавиш. Со полн џеб пари и пар визи.
Шаулагер од надвор изгледа прилично мистериозно - нешто помеѓу огромен бункер и склад. Всушност станува збор за интересен концепт, кој дава сосема поинакво значење на музејскиот термин „депо“.
Собирањето предмети кои им припаѓаат на „егзотични“ култури и нивното изложување овозможува тие да се запознаат. Од друга страна, предметите се „киднапирани“ од својот природен контекст, не ја вршат својата функција, мртви се. Музејот на културите во Базел ги преиспитува основните претпоставки на институциите од ваков вид.
Наместо од него да се учи како функционира машинеријата на идеолошка манипулација, славниот пропаганден филм се брише заради некаков „говор на омраза“. Или некој е глуп, или навистина не сака да имаме увид во рецептот.
Без оглед дали во Музејот на Ајнштајн ќе одите како на научен аџилак, или само за да си купите маица со неговата слика со исплазен јазик, тука ќе дознаете многу повеќе отколку што сте очекувале. На пример дека човекот имал и кец во свидетелство, дека никогаш не носел чорапи и дека парите од Нобеловата ги вложил во станови кои потоа ги издавал. Мислете си вие дека физичарите се луди...