„Екстремното блесавење е порелевантно од кога и да е“, изјавија петте преживеани Пајтоновци во соопштение кое ги содржи плановите на Би-би-си Радио 4 за емитување нови емисии по повод годишнината, чиј продуцент ќе биде Мајкл Палин. Слушателите ќе бидат поканети да измислат дополнителни непријатности за Храбриот сер Робин, витезот од „Монти пајтон и Светиот грал“ кому трубадурите му предвидуваат ужасни судбини.
Но поинтересно е што во нејзин склоп, на 5 октомври, ќе се одржи прв официјален обид за постигнување светски рекорд, во „најголемиот собир на луѓе облечени како Гамби“. Ликот се појавува во повеќе скечеви - тоа е оној глупиот, со тенок мустаќ, трегери, шамивче на глава, плетено елече и наочари. Оној кого се уште не нашол чаре за болките во мозокот...