Offside

Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.

Наскоро Кирјос - Сабаленка, кладилниците очекувано со Ник како фаворит

Во недела ќе се одигра долгоозборуваната „Битка на половите“. Во Дубаи за првпат (макар така е кажано официјално) сериозно ќе се тестираат некогашниот активен тенисер и Топ10 Ник Кирјос и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка. Кладилниците веќе излегоа со коефиценти: со 1.20 Кирјос е апсолутен фаворит а за триумф на Сабаленка квотата е 4.00.

Николов и Начевски за дуелите со Лино и Вујо

Славе Николов и Ѓорги Начевски ја објаснуваат разликата меѓу двете тренерски легенди Лино Червар и Веселин Вујовиќ. Велат искуствата со нив двајца се дијаметрално спротивни. Едниот агресивен, другиот дипломат.

Најпознатите Американци кои заиграа за европски селекции

По видеото со балканци рекордери по број на поени во НБА, Моцарт направија обратна анализа. Со успешни Американци кои добиле пасош во Европа за да заиграат и помогнат на други репрезентации. Меѓу нив има двајца кои го облекоа македонскиот дрес. Едниот стигна до полуфинале на ЕП.

Чика Миге за ривалството на Работнички и МЗТ Скопје

Некогашниот кошаркар и голем миленик на навивачите на Работнички кој беше заслужен за неколку шампионски трофеи на црвено-белите, Владимир Филиповиќ познат како Чика Миге меѓу Сити Парк Бојс, раскажа интересна анегдота од периодот кога играше во Македонија. Тој настапуваше уште и за Лирија, Кожув, Карпош Соколи, Куманово и Овче Поле. Раскажа како се сретнал со играч на вечниот ривал МЗТ Скопје, Игор Пенов.

Атлетик: „Во НБА има многу супер ѕвезди ама ниеден не е ни близу Јокиќ“

НБА лигата однапред, пред почеток на секоја сезона одбира кои натпревари да бидат на распоред за Божиќната вечер. Обично се бираат најдобрите, најатрактивните тимови со суперѕвезди во составите. Синоќа играше речиси целиот крем-де-ла-крем на НБА лигата а сите ги засени Никола Јокиќ, пишува новинар на екипата на која Србинот ѝ наточи 56 поени.

Кога Бергкамп даде гол од кој и самиот остана без зборови

Легендарниот холандски ас кој блескаше во дресот на Арсенал. Даваше многу голови а некои му се паметат и ден-денес како едни од најубавите во фудбалската историја. Еднаш после еден негов погодок и самиот остана без зборови.

Јамал им се уфрли на деца на партија фудбал на плажа

Младата ѕвезда се наоѓа во Дубаи, каде времето не е тиња како кај нас. Топло е таму, по кратки се шетаат. Велат дека сам им се придружил.

Камерман на денот

Африкански Куп на нации. Духот е појак од дождливо време. Се го направи денот царот, а го понесе и колегата. Одлични.

Ставот на Ѓоко Хаџиевски за селектор со два ангажмани и зошто не странец

Вториот селектор од независноста на Македонија, како и петкратен шампион со Вардар, набројува примери кога тој истовремено бил со две функции, како тренер и селектор. Објаснува и зошто не е баш добра идејата да се ангажира странец за селектор.

Модриќ, Гвардиол и Далиќ со пораки до Гоце Седлоски

Поранешната Златна топка од 2018-та, дефанзивецот на Манчестер Сити и селекторот на Хрватска преку видео пораки му честитаа на Седлоски и му посакаа среќа во новиот предизвик. Краток коментар имаше и тој после долгата преписка на релација Мрме - ФФМ.

Страшен настап на Никола Јокиќ - 56 поени и трипл-дабл!

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја совладаа Минесота Тимбервулвс 142:138 со уште една невозможна партија на нивниот лидер кој од вечер во вечер ги поместува границите.

Новак Ѓоковиќ честиташе католички Божиќ на 5 јазици

Најголемиот тениски ас на сите времиња се забавува добро пред старт на новата сезона и новите предизвици во 2026. Уште на почеток ќе го чекаат тешки борби во Австралија. Во меѓувреме тој покажа колку јазици зборува.

Најказнуваниот играч во НБА кој доби 236 технички и плати милиони долари за тоа

Крилниот центар и 4-кратен НБА шампион со Голден Стејт Вориорс Драјмонд Грин е познат како најгрубиот, најнезгодниот кошаркар во лигата но кој во исто време, според зборовите на Стив Кер е меѓу најзаслужните за титулите.

Тајната божиќна вечера

Најпознатата италијанска кошаркарска Фејсбук страница, „La Giornata Tipo“, скоцка со АИ за Божиќ, многу моќна кошаркарско софраџиска фотографија. Имаме седум тешкаши, луѓе кои се поим за кошарка. На чело го ставиле најактуелниот, буцкото од Сомбор, кој ја промени НБА играта.

Најдоски: Нека му служи на чест што нè става во категорија „стаорци“

Репликата на Игор Ангеловски до Масар Омергаиќ, ги испровоцира и неговите најблиски соработници. По реакцијата на Николче Новески, кусо и присебно реагираше Илија Најдоски.

Унион Берлин ја продолжи убавата Божиќна традиција

Близу 30.000 навивачи и симпатизери на Унион Берлин повторно и годинава за католичкиот Божиќ се собраа на стадионот каде пееја традиционални Божиќни песни. Оваа традиција е стара веќе 23 години. На стадионот се палат свеќи, се пее, се креваат црвено-белите шалови на Унион Берлин. Секоја влезница се наплаќа а средствата одат за клубот и во хуманитарни цели.

Реплика на Мрме до Омерагиќ: Немојте да се доведувате во ситуација да дувате на јогурт

Продолжува војната на зборови на релација Мрме - ФФМ. Поранешниот селектор, Игор Ангеловски, испровоциран од вчера, со фотка во друштво на Дејвид Мојс, му одговори на Масар Омерагиќ: Не сум од тие кои ќе дозволат да ми се заканувате! Изјавувате ноторни лаги за мене. Не заборавајте Вие мене ми се јавивте. Сте ме пуштиле на интерфон без да ме известите за тоа како што кажавте “пред сведоци”.

Јунакот на Буркина Фасо кој не гледа со едно око и даде гол за репрезентација

Дваесет и три годишниот Џорџи Минунгу е прав редок случај во фудбалскиот свет - во целост не гледа со левото око. Така игра и не само што игра, туку и е меѓу најдобрите.

Бразилското дуо кое правеше шоу

Имал Бразил тандеми и тандеми, мајстори кои играле најубав фудбал на свет. Го паметиме дуото Роналдињо - Алекс кои играа за Бразил заедно во периодот 1999-2000, на Копа Америка и Куп на Конфедерации. Алекс играше за Коритиба, Палмеираш, Парма, Фламенго, Крузеиро а најголема клупска легенда стана во Фенербахче каде остана од 2004 до 2012 и на 245 натпревари постигна 136 гола.

Син носи стар татко да го види новиот стадион на Евертон

Стадионот „Хил Дикинсон“ е најновиот фудбалски стадион во Англија, дом на Евертон. Се изгради во период од 2021-ва до 2024-та. Се отвори на 17-ти февруари годинава. Проценето е дека изградбата чинела 750 милиони фунти. Стадионот е велелепен. На една стадионска тура син решил да го однесе неговиот стар татко, долгогодишен навивач на Евертон кој памти кога „карамелите“ играле и по ливади. Здив му снема од возбуда.

Невообичаени протести во албанскиот фудбал

Во Албанија синоќа беше башибозук во првата лига и тоа на два од три одиграни натпревари. Прекинуваа натпревари како во маало. Тренерот на Билис мораше да го стави вториот голман.

Син му на Зидан бранеше за Алжир, Зизу го гледаше од трибини

Алжир со 3-0 го совлада Судан и убедливо го отвори својот настап на Африкански Куп на нации. Ријад Марез даде два гола, а мрежата на Алжирците ја сочува Лука Зидан, 27-годишниот син на легендарниот Зинедин кој го бодреше од горе. Лука брани за Гранада во шпанската втора лига Сегунда.

Роналдо - Феликс, убаво одиграно

Ал Наср пукна петарда против Ал Завраа 5:1. Роналдо не е меѓу стрелците, но затоа имаше прекрасна асистенција до Жоао Феликс, кој многу умешно го измами голманот.