Ќе треба цели фермани за да се напише што се се случуваше вечерва на реваншот од европскиот класик меѓу Баерн Минхен и Реал Мадрид.
Предводен од ѕвездите Мбапе, Винисиус, Белингем и Арда Ѓулер Реал Мадрид прво ја анулираше предноста на Баерн Минхен од првиот натпревар. Имаа „кралевите“ резултат кој ги води понатаму до самиот финиш.
При резултат 2-3 за Реал втор жолт и црвен картон доби Камавинга кој ги остави своите на цедило во 86' минута. Баерн ја искористи бројчаната предност и прво израмни а потоа и победи.
Колумбиецот Луис Дијаз со прекрасен гол израмни а конечните 4-3 ги постави Олисе. Баерн оди во полуфинале каде ќе се сретне со Пари Сен Жермен.

Во вториот четвртфинален дуел Арсенал одигра 0-0 со Спортинг Лисабон и благодарение на гостинскиот триумф пред една недела, оди во полуфинале каде ги чека четата на Диего Симеоне.
Првиот натпревар е во Париз на 28 април со реванш во Минхен на 6-ти мај. Во вториот пар Атлетико Мадрид прво ќе го пречека Арсенал на 29-ти април во Шпанија а реваншот е на 5-ти мај во Лондон.
БАЕРН МИНХЕН - РЕАЛ МАДРИД 4-3 (2-3), вкупен резултат 6:4
АРСЕНАЛ - СПОРТИНГ ЛИСАБОН 0-0, вкупен резултат 1-0