По триумфот од 3:0 на првиот дуел, Фрајбург го потврди полуфиналето во Лига Европа со нова победа од 1:3 против Селта. Резултатот го отвори Игор Матановиќ на кој му легна ептен, односно му ја наместија на волеј. За момент изгледаше дека голот ќе му биде поништен, ама не се поништува ваква убавина.