Таг: фрајбург

Навивачите на Фрајбург го бојкотираа гостувањето против Лајпциг и го бодреа вториот тим во трета лига

Лајпциг останува најомразен германски клуб поради концептот кој се коси со она што е германска пракса, а тоа е клубовите да бидат на навивачите, а не на богаташите. На навивачите на Фрајбург не им се трошеше време во Лајпциг зад кој веќе неколку години стои моќната компанија Ред Бул, па се решија да му дадат поддршка на вториот тим во трета лига. Интересно "Scheiss Red Bull" (срање Ред Бул) им скандираа заедно со навивачите на Минхен 1860.

Тренерот на Фрајбург плачеше, а потоа го водеше навивањето на последниот меч на стариот стадион

По 67 години, Фрајбург го напушта Драјзамстадион и се сели на нов, поголем стадион кој ќе го сефтоса следниот месец. Разделбата беше многу емотивна.

Тренерот на Фрајбург е хит, со ќотек славеше победа

Фудбалерите на Фрајбург ја совладаа Борусија Менхенгладбах со 1:0 и тоа прва нивен триумф по враќањето на фудбалот во Германија. Кој му е овој начин на радување на нивниот стратег Кристијан Страјх? На еден од помошниците му ја даде во фаца па почна да го гушка.

Член е на Бундеслига, а игра во одбрана како најголем пацер

Келн го совлада Фрајбург викендов со 4:0, а во една од контрите видовме ужасна игра еден на еден на дефанзивец на гостите. Какво е ова позиционирање и маркирање? Очаен баланс на тело.

Капитенот некапитенски, театар, гужва, па смир

Како е должен да се однесува капитен на екипа која во 90 + минута губи со 1-0? Сигурно не како Девид Абрахам од Ајнтрахт Франкфурт, минатогодишното најголемо изненадување во Бундеслигата.

Детето кое на деби го извади Мајнц од зоната за испаѓање

Боте Баку има 20 години. Играч е на вториот тим на Мајнц. На 29. април рано изутрина Баку се качил во автобус за меч на Мајнц II против Фрајбург. Стоп. Боте се симнува зошто го викаат во првиот тим на дуел од Бундеслига против Лајпциг.

Најлудиот меч на сезоната се одигра во Германија

Дуелот Келн - Фрајбург од германската Бундеслига за малку ќе се одложеше поради огромни наноси снег но работниците на стадионот „РајнЕнерги“ го спремија теренот, а стартот доцнеше 30 минути. Што се случуваше подоцна е за филм.

Нов кикс на гостиварчанецот Мехмеди

Швајцарецот Адмир Мехмеди кој е роден во Гостивар, наместо херој по постигнатиот гол за Фрајбург, стана трагичар откако им ја подари топката на фудбалерите на Либерец кои израмнија за конечни 2:2. Летово Мехмеди се „прослави" и со едно промашување на Олимписките игри.