Натпреварот меѓу Фрајбург и Аугсбург одигран на 26 септември 2021-ва ќе остане историски, како крај на една седумдецениска ера во која домашниот клуб ги одбележа сите успеси.
Во пракса можеби тоа е само една цврста градба составена од соблекувални, трибини, стативи и терен, но во реалноста враќа убави спомени и предизвикува многу измешани емоции за разни изминати мигови во кои имало и победи и порази.
Кристијан Штрајх моментално е тренер со најдолг стаж во еден клуб во Бундеслигата и го води Фрајбург од 2011-та, а финишот на „Драјзамстадион“ имаше можност да го запечати со победа од 3:0.
Штета што мечот не заврши 4:0, гол со кој ќе беше одбележан голем јубилеј од 1.000 погодоци. Вака во историјата ќе биде запишано дека Фрајбург постигнал 999 голови на стадионот каде настапува, односно настапуваше од 1954-та година.
Драјзамстадион е прв стадион во Германија со соларна енергија и има 24.000 седишта, а новиот по име „Европа Парк Стадион“ ќе има поголем капацитет и ќе собира 10.000 навивачи повеќе.
Изграден е во 2018-та, чини 76 милиони евра, а првиот меч Фрајбург ќе го одигра на 16 октомври против Лајпциг.
Фрајбург си заминува од стадионот со нов клупски рекорд во Бундеслигата од шест меча по ред без пораз и со ретко видени сцени во фудбалот, како оваа со Кристијан Штрајх кој влезе во улога на ултрас.