Offside

Во драматични натпревари од осминафиналето на Светско првенство, репрезентацијата на Парагвај која едвај стигна до оваа рунда, ја елиминираше Германија на пенали и го направи најголемото изненадување на Мундијалот. На пенали испадна и Холандија.

Пандев не старее, туку растура за Џенова

Што ли ќе прави најстариот италијански клуб, кога капитенот на Македонија ќе се повлече? За две недели полни 37 години, ама тешко на нападот на Џенова без него. Минатото коло покажа дека е мајстор со десна и сега ете го повторно и против Спал за 1:0 во 24-та минута.

Јувентус буквално не се спои со топка против Аталанта, па освои бод со 2 пенали

Според статистиката фудбалерите на Јувентус во првиот дел точно 8 минути и 10 секунди не ја пипнале топката на противничка половина а 11 минути и 34 секунди таму немале ни додавање.

Вратари го исфрлија Халанд од диско

По завршувањето на Бундеслигата каде сезонава беше неверојатно откровение и важи за најдобар млад фудбалер во цела Европа, Ерлинг Халанд се вратил во татковината на одмор. А таму пред еден ноќен клуб го исфрлаат како партал.

Волкановски ја одбрани титулата шампион

Австралискиот борец со македонско потекло Александар Волкановски со крајни напори, многу потешко од претходниот пат го победи Американецот Макс Холовеј на УФЦ 251 настанот на островот Јас кај Абу Даби.

Кога Коби ќе загубеше топка во напад

Да, добро гледате, стигна и го залепи.

Тотенхем? Што е тоа?

Навивачите на Тотенхем не може да ја гледаат сезонава табелата во Премиер лига од едноставна причина што нивниот тим е деветти на табела. Ако сака некој да ги донервира и него и Мурињо, нека им го пушти видеово.

УЕФА не го вика уште еднаш овој на влечење ждрепка

Европската куќа на фудбалот денеска имаше ждрепка за ЛШ и ЛЕ под поинакви услови и без луѓе во публика. Кај мака мачеа со технички проблеми и не успеаа да вклучат он лајн неколку клубови, па уште имаа и лев гостин.

Јунајтед 10 години немал вакво засилување

Португалецот Бруно Фернандеш го препороди Манчестер Јунајтед. Два пати по ред ја добива наградата за играч на месецот, негов гол е прогласен за најубав на месецот во Премиер лига.

Гронинген изгледа ќе има опасно спремен Робен

По дводецениската блеската кариера и вкупно 30 трофеи од кои 20 со Баерн, Ариен Робен неодамна реши да направи кам бек и покрај тоа што се повлече лани. Се врати во Гронинген, својот прв клуб каде почна на 16 години, а сегашните 36 не му се ни приметуваат. Погледнете го како лавовски се спрема.

Најсилниот Македонец викендов ќе се бори за нов шампионски појас

Претстојниов викенд на „Боречкиот остров“ ќе се одржи турнирот UFC 251 каде главна борба за титулата во перолесна категорија ќе водат Алекс Волкановски и Макс Холовеј.

Кај најде и ти пред базен да известуваш со ултраси?

Појма немаме што зборува, бидејќи се работи за португалски новинар, само знаеме дека тие позади него се навивачи на Порто, кои сакаа да му учинат на човекот да не му е топло.

Познати се паровите кои ќе вкрстат во топ 8 фазата од ЛЕ

По извлекувањето на четвртфиналните двојки за ЛШ, стандардно еден час подоцна ги дознавме и можните парови за топ 8 фазата во Лига Европа.

Можни четвртфиналиња: Јуве - Реал, Барса - Баерн

На денешната ждрепка во Нион, беа извлечени двојките за четвртфиналето и полуфиналето од Лига на шампиони, кои ќе се одиграат во необични и многу поинакви околности.

Празен стадион па сè се слуша, Конте безобразен со Јуриќ

Интер по којзнае кој пат сезонава просеа бодови во Серија А. Синоќа на „Бентегоди“ во Верона губеше 1-0, па направри пресврт 1-2 за пет минути, ама прими гол во 86-та минута и мораше да се задоволи со бод (2:2). Во текот на првиот дел додека домаќинот водеше 1-0, по еден досуден фаул над Лукаку се спречкаа тренерите Конте и Јуриќ.

Тевез јунак - се откажува од 6-месечна плата за да помогне на настраданиот народ

Дефинитивно еден од ретките прави херои во глобалната пандемија која го потресе светот е и аргентинскиот центарфор. Реши 6 месеци да игра без пари, поточно целата заработка да ја дава за настраданите од вирусот.

Тиери Анри 8 минути клечеше на колено за време на натпревар

Во МЛС лигата Монтреал Импакт чиј тренер е Тиери Анри синоќа изгуби 0-1 од Њу Ингланд, но моментот кој го одбележи мечот е тоа што Французинот од почеток на мечот 8 минути и 46 секунди клечеше на едно колено со крената рака во чест на убиениот Џорџ Флојд поради кој Америка се крена на жестоки протести.

Го знаете ли вие Кучињо?

Клаудио Тафарел не ги бранеше вака во серија.

Ќе ве чека Мурињо вас слушалките да ги наместите

Тотенхем продолжи со мизерни резултати кои го спуштија дури на 9-то место и скоро никакви шанси за пласман во еврокуповите. Мурињо е фрустриран па не може да трпи ни проблеми од техничка природа за време на онлајн прес-конференција.

Ова ли е одбрана бе Конте?

И покрај сите звучни засилувања со кои создадоа опасен тим кој требаше да се бори за врвот, Интер нема што да бара повеќе во борбата за титулата. На 7 кола до крај заостанува 10 бода зад Јуве, а синоќа не успеа ни Верона да ја победи. Им се шетаа во шеснаесетник домаќините и им одиграа 2:2.

Како Златан се нашол во домот на Дилета

Во последните неколку дена Ибрахимовиќ и најсексипилната италијанска спортска водителка снимале реклами. Дружбата ја користеа да се закачкаат на социјалните мрежи, а уловија и голем број реакции од јавноста.

Војчех, кој последен се смее најслатко се смее

По 0-0 на полувреме, дербито Милан - Јуве донесе страшни втори 45 минути со дури 6 гола. Бјанконерите во краток временски период дадоа 2 за 0-2, ама Милан се врати и за 18 минути постигна 4 гола за конечни 4-2. При водство од два гола разлика, Полјакот Шчесни му вика на Ребиќ додека овој барал некоја судиска одлука: „Губиш 0-2, не се прави феномен“. Ребиќ последен се смееше зошто ги постави конечните 4-2 од пенал.

Кај можеш со Ван Дајк да садиш краставици

Секој друг стопер во оваа ситуација би ја вратил топката на голман, но Вирџил не за џабе игра во шампионски тим. Најлабаво на цел свет ја реши ситуацијата со фудбалерот на Брајтон.

Аталанта е незапирлива во Серија А, а Бергамо го победи најтешкиот противник Ковид 19

Имаат 20 постигнати гола повеќе од Јувентус, 22 од Интер и двојно повеќе од Милан, а заедно со Баерн и Реал се единствени во топ 5 европските лиги кои ги победија сите натпревари после паузата. Градот се гордее со фудбалерите, но и со медицинските лица кои херојски се изборија со невидливото зло.

Единствениот клуб во Шпанија кој игра со публика - поддршка од балкони

Шпанија и натаму е затворена за туристи од многу земји, а на шпанските стадиони веќе некое време се игра фудбал без публика. Само едно симпатично клубче има поддршка, од околните тераси.