Offside

Овој див меѓу стативите, 31-годишниот Гоицеоне Фоко стана хит откако со сјајни одбрани успеа да ѝ донесе на Боцвана одлични 2-2 против големиот фаворит Тунис и тоа на гостински терен во квалификациите за Купот на Африкански нации.

Хандановиќ му одбрани чист гол на Елмас

Со головите на Инсиње и Џеко, Наполи и Интер ремизираа во Серија А, резултат од кој може да профитира Милан, кој ако ја победи Сампдорија ќе биде прв. Топ шанса за 2:1 имаше Елиф Елмас во 69-та минута, но Хандановиќ излезе како победник во дуелот еден на еден.

Македонска акција на Динамо во режија на Рики и Адеми

Динамо Загреб ја совлада Горица со 2:1 во 23. коло од хрватскиот шампионат. Резултатот го отвори Аријан Адеми на асистенција на Стефан Ристовски. Убава македонска комбинаторика. Динамо е прв на табела со +6 од Осијек и Ријека.

Деби гол на Горан Пандев за Парма

Толку му треба на стариот, дај му на лева и ја кова со волеј на прва. 20 години стаж во Италија, седми италијански клуб, 100 и кусур гола во Серија А. Честитки мајсторе.

Снимка од Дончиќ како дроби на 14 години

Лесни влезови под кош, тројки, асистенции, цепелини и на крај признание МВП. Ете тоа бил Лука, тогаш голем талент во најава, а денес рекордер со 51 поен во конкуренција на сите играчи од југословенските простори кои заиграа во НБА. Не се раѓа секој ден вакво дете.

Дејан Георгиевски: АМС со одлуката за ваучери цели да го понижи мојот олимписки сребрен медал

22 годишното момче кое вети и се врати со медал минатата лето од Токио е разочаран од висината на ваучерот кој го доби како поддршка од Агенцијата за млади и спорт.

Руска биатлонка објави фотка од храната во Пекинг на која се жали

Па и не изгледа нешто богато и примамливо ова што се служи во олимпиското село.

Ќе одиме на гостување, земи звучник па ќе го шверцуваме

Навивачите на Нотингем Форест во голем стил ја прославија големата победа над Блекбурн на гости 0:2 со што уште повеќе се доближија до место кое води во плејофот за пласман во Премиер лига. Пар ликови земале звучник со нив и трешти “I just can’t get enough“ на сред Ивуд Парк во Блекбурн.

Кинески работник ѝ излезе на бугарска скијачка на сред патека

Кина важи за земја која што е добар организатор на големи, масовни настани, особено во спортот, но овојпат една епизода малку ги измести од железната дисциплина. За време на трката слалом во алпско скијање, Бугарката Ева Вукадинова мораше да излезе од патеката зошто еден работник на скии во целост ја изремети.

Леброн и Дурент го исмеваа Харден и до крај го избегнуваа за Ол-Стар

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Џејмс Харден буквално во последните моменти од рокот кој овозможува трампа на играчи во НБА тимови, замина за Филаделфија во голема размена од неколку играчи со Нетс. Подоцна вечерта Леброн и Дурент го исмеваа Харден.

Руската сензација позитивна на допинг продолжува со настапи во Пекинг

Сагата со најмладиот член на руската олимписка делегација, која со 15 години импресионираше во уметничко лизгање и натаму продолжува. Најново е дека суспензијата и е укината.

Со еден потег, Швеѓанец стана хит на Олимписки игри во Пекинг

Турнирот во хокеј на ЗОИ 2022 полека станува сериозно интересен. Тука се секогаш главните фаворити за злато Русија, Канадa и Шведска а одлични шанси за врвот и се даваат и на Финска. На мечот меѓу Шведска и Финска кој „викинзите“ го решија во своја корист со 3:2, Швеѓанецот Макс Фриберг со глава удри еден пак како е да е фудбалска топка во дуел игра.

Таков црвен картон уште не се видел во Премиер, сите се чудеа што се случило

Арсенал го преброди тешкото гостување кај Вулверхемптон, славеше со 0:1 и освои три златни бода во трката за Лига на шампиони. Ама една јака судиска процена и чудна епизода се зборува на големо.

Прослава на вечерта со Џо Харт и Жота од Селтик

Селтик игра во сјајна форма, реди победи во серија и уште е прв со само 1 бод пред Ренџерс. Келтите синоќа на гости славеа против Абердин 2:3 а два гола даде Португалецот Жота кој беше играч на мечот. Јака прослава имаа со голманот Џо Харт.

Историска ноќ за Дончиќ кој постигна рекордни 51 поен во кариерата

Горан Драгиќ (40), Никола Вучевиќ (41), Предраг Стојаковиќ (42), Дражан Петровиќ (44), Бојан Богдановиќ (44), Никола Јокиќ (50), Лука Дончиќ 51 поен. Тоа е тоа.

Видовме автограм на микробранова, а сега на прасе

Првото необично барање за автограм го доби боксерот Крис Еубанк јуниор, а второво фудбалерот на Барселона Рики Пуиг. Што нема да им текне.

Од сега за вас двајца голот ќе биде 10 на 3

Трема ли ги фаќа што вака несмасно реагираат или не доручкуваат доволно? Прво го имавме Де Лихт, а сега еден Бразилец и Заха од Кристал Палас со веројатно најлошиот пенал сезонава во Премиер лига и пошироко.

Втор меч за Јуве, ново шоу на Влаховиќ

Српскиот центарфор веднаш и демонстрира на Старата дама каква гол машина е и зошто вреди 75 милиони евра. Деби во Серија А со голчиште, деби во Куп со голчиште.

Циговски: Ристевски да одговори зошто речиси цела година зема полна плата, а го нема на работа

„Сега станува многу појасно зошто толку тажно изгледа учеството на само тројца олимпијци од Македонија на зимските олимписки игри во Пекинг“.

Јунајтед има ново дете

Алехандро Гарначо има 17 години, роден е во Мадрид. Игра лево крило за младинците на Манчестер Јунајтед и за Шпанија У-18. Сезонава има 7 гола и 4 асистенции на 21 натпревар за младинците. На мечот против Евертон У-18 постигна прекрасен гол после соло продор а навивачите ги освои и со прославата.

Кретенот од Вест Хем што рогаше мачка, веќе сноси сериозни последици, на удар е на цела јавност

Курт Зума, некогашниот стопер на Челси а сега во Вест Хем е казнет од клубот со 250.000 фунти поради видеото кое го снимал брат му дома а кое што ја шокираше цела интернет заедница.

Два спектакуларни евроголови во Австралија

На мечот меѓу Централ Кост Маринерс и Макартур во австралиската А-Лига навивачите можеа да видат 6 гола (3:3) од кои 1 автогол, два од пенал и два ненормални голови.

Ана Цветановска заврши 95-та на 10 километри

Македонската претставничка дебитираше во Пекинг во крос кантри трката на 10 километри, а на крајот зад себе остави само три натпреварувачки со послабо време.

Ја избркаа од фудбалски тим, реши да се појави на сајтот за возрасни Онли Фанс

Фудбалскиот па(д)т на Медлин Рајт, некогашната фудбалерка, десен бек на женскиот тим на англиски Чарлтон.

Така ти е, кога играш со иле на Олимпијада

Фан Кесин од Кина е скарана со фер плејот, бидејќи на трка во лизгање направи неспортски потег кој и се удри од глава. На снимката се гледа како на противничка од Канада ѝ фрла предмет под нозе. Од него се сопнува и Канаѓанката, ама и самата Кесин.