
Тоти Спортинг Клуб е фудбалска академија лиценцирана од Италијанска фудбалска федерација. Во својот комплекс оваа фудбалска академија има три терени: два за 5х5 и еден за 8х8 за поголем фудбал. Наутро и преку ден тренираат и играат деца и младинци а навечер играат сениорите на клубот.
Информации за актуелниот тренер на клубот нема но едно време ги водел Карло Канчелиери, близок другар на Тоти, партнер на Тоти во играта падел (еден вид тенис) популарен во Италија.
Канчелиери му бил помошник на Роберто Манчини во Лацио, Интер и Манчестер Сити но заминал од професионалниот спорт со цел да се концентрира на бизнис.
Паралалено со тоа Карло градел тренерска кариера во аматерски фудбал. Кога на Рикардо Тоти, братот на Франческо му текнала идеја да оформат екипа, тој му предложил на Канчелиери да го преземе тимот. А после Карло го убедил Ческо да игра за нив.
„Lega Calcio A8 е сериозен и тежок турнир за кој многу слушав. Јас одамна работам во аматерски фудбал, моите клубови играа против големи ѕвезди од Серија А како што се Ди Бјаџо, Коради, Кандела, Манфредини. Затоа му предложив на Тоти да ни се приклучи зошто такви играчи го зголемуваат нивото на лигата. Франческо е прав Марсовец во однос на другите“, вели Канчелиери.