Додека брат му Себастијан, поранешниот играч на Јувентус сега е пред крај на кариерата во Сампдорија, Џузепе Џовинко дава одлични голови во Серија Ц за Таранто. На мечот против Монополи на кој победија 2-0, Џовинко-помладиот распали едно шутиште од четириесет метри.