Македонската „Пења мадридиста“, фан клуб навивачи на Реал Мадрид од земјава, сезонава е најактивна во Лигата на шампионите. Го бодреа кралскиот клуб од Милано до Париз преку Мадрид и Лондон. Вечерва со македонско знаме уживаат во мајсториите на Бензема кој го демолираше Челси со хет-трик.