Фабињо, држи се поарно до танцот

Бразилскиот репрезентативец од Ливерпул синоќа одигра голема ролја во убедливата победа кај Бенфика. За првиот гол на гостите кој го даде Ибраима Конате, Фабињо тргна да слави исто како Африканецот, со лизгање на колена, ама добро е што не се прекрши и стана на нозе.

Ама добро е што на грешките учи, па Фабињо во второ полувреме по голот на Луис Диаз за 1-3 танцуваше со Колумбиецот некој латино-американски танц.

И Ливерпул на Твитер направи шега со Бразилецот:

Прочитајте уште и:

Десниот бек кој дава топки на тацна

Изјава на вечерта на фудбалер на Ливерпул за запалки

Де Брујн го проби дефанзивниот Атлетико, Ливерпул е блиску до полуфинале

6 април 2022 - 15:17