Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Турска голманска лакрдија

Мечот меѓу Коџаелиспор и Алтинорду во турската втора лига заврши 2-2. Гостите имаа три бода во џеб со кои ќе избегаа уште повеќе од зоната за испаѓање, но домаќините на кои исто им гори под нозе се спасија во 86’ минута. Поточно на стрелецот на голот Димитрис Коловос многу му помогна гостинскиот голман Али Емре Јанар.

Рики и Адеми грмеа во ритам со ултрасите

Динамо Загреб го доби дербито на колото во Хрватска против Осијек и на две кола до крај има +4 пред второпласираниот Хајдук Сплит. Титулата им е на дофат.

Најчудното додавање на колото го има Тео Хернандез

Тео Хернандез е дефинитивно еден од најдобрите и најкорисни леви бекови на денешницава. Ај што е ефикасен и има 19 гола откако е дојден, туку е и пробивен, шутира добро слободни, а прави и штосови сред игра, како овој пас.

Журката на Трабзонспор за титулата е прослава број 1 на сезоната

Имаме ново видео од незаборавната прослава на Трабзонспор кои по 38 години се радуваат на шампионската титула во Турција. Велат дека во Истанбул на славјето биле меѓу 250.000 и 300.000 навивачи. Врвно.

То бе мајсторе, покажи му на светот како се игра сам пред гол

Селски босански фудбал со фантазија од завршница. Е ова е 9-ка со убиствен инстинкт за гол. Ја искина мрежата.

Навивачка на Манчестер Јунајтед не го пушта Кавани да си оди

Авантурата на Единсон Кавани во Манчестер Јунајтед завршува сезонава, а со оглед на тоа што во последните две кола црвените ѓаволи играат на гости, тоа значи мечот против Брентфорд му беше последен на Олд Трафорд. Девојчево многу емотивно се збогуваше со него и да може би му го продолжила договорот.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух и навивачите на Вест Хем

Навивачите на Вест Хем, на гостувањето во Франкфурт во Лига Европа начекаа венчавка. Младоженците очигледно дека ќе имаат доста весел албум со слики.

Бајаги глуп навивач на Рома

Во пресрет на полуфиналето меѓу Рома и Лестер, фати да ги пцуе гостинските навивачи кои беа во автобус. Да го видиме крајот.

Даваш изјава пред Бернабеу и Реал ја врти

Едно од најсимпатичните видеа после лудачкиот кам бек на Реал Мадрид против Сити. Зошто си отидовте порано од стадион? Со ќерка ми сум и не сакав да биде тажна. Ама сигурен дека ќе ја свртат.

Дивјачки однос на навивачите на Олимпик Марсеј кои се изживуваа врз гостите од Феенорд

На неизвесните возбудливи полуфинални битки во Лига Европа и Конференциската лига, имаше полни раце работа за полицијата, особено во Марсеј кој беше дома елиминиран од Феенорд. Француските хулигани се однесуваа како да излегле од пештера.

Лудилото во Франкфурт кои слават пласман во европско финале по пауза од 42 години

Навивачите на Ајнтрахт кои одат на гостувања во бројка, колку Кавадарци што има жители, конечно дочекаа нешто што го заслужуваат со оглед на чопоративната страствена верна поддршка по која се рекордери во Европа.

Мојс го загуби паметот, го рогаше детето што собира топки

Вест Хем се соочи со елиминација во полуфиналето од ЛЕ со вкупни 3:1 од Ајнтрахт Франкфурт, а најголемиот срам на мечот го изеде Дејвид Мојс, кој фрустрациите му ги истури на детето што собира топки. Судијата веднаш му го покажа патот кон соблекувалната, a Шкотланѓанецот се извини после мечот.

Навивачите на Рома и Лестер со заеднички респект за Клаудио Раниери

Се работи за римјанин и навивач на Рома, кој до два наврати им беше тренер. За поврзаноста пак со премиерлигашот и нивните навивачи зарем треба да потсетуваме? Во 138 години клупска историја дочекаа прва титула во Премиер лига под негово водство во 2016-та. Овациите од двете страни Раниери емотивно ги прими.

Ново видео со навивачи на Реал кои молат во очај да ги пуштат назад на стадион

Прво се појави видео во кое трчаа како муви без глави, ама ова е далеку појако и појасно за тоа што се случувало надвор после двата брзи гола на Родриго. Не им поминаа оправдувањата што дале 250 евра за карта, а ниту пак на другите со годишни влезници. Цел живот ќе бидат пишман што не останаа до крај, а имаа за гледање продолженија од два пати по 15 минути во кои Бензема стрелаше за финале.

Навивачите на МЗТ со бугарско знаме ги провоцираа Чкембари

По теркот на Комити на ракометното дерби и Фемили Аеродром ги пецнаа битолчани за бугарофилство. Причината за тоа е што на отворањето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола имало и членови на навивачката група Чкембари.

Мурињо експлодираше од емоции за финалето во Конференциската лига

Рома и Феенорд се први финалисти во новоформираното трето по ранг клупско европско натпреварување. Португалецот е во транс и во солзи и може да стане прв тренер со трофеј во ЛШ, ЛЕ и Конференциска лига.

Австријците на спектакуларен и величествен начин се збогуваа со Ивица Осим

Легендарниот селектор на Југославија кој почина на 1 мај на 81 годишна возраст, беше тренер на Штурм Грац осум години (1994-2002) во кои им донесе 8 трофеи. Клубот тоа не го заборава и му организираше комеморација на стадион која траеше 81 минута, а ковчегот беше поставен на терен.

Како Ѓоковиќ го имитира Марин Чилиќ

Публиката на АТП Мастерсот во Мадрид нема да гледа денеска четвртфинална пресметка меѓу Енди Мареј и Новак Ѓоковиќ. Британецот го откажал мечот поради труење со храна. Ама затоа има прилика да гледа забава на тренингот на Ноле кој со помош на Иванишевиќ го имитираше Чилиќ како се спрема за сервис.

Дрскиот карактер и менталната сила на Реал Мадрид кој со пресврти елиминираше три гиганти во нокаут фазата

Тешко е да се оцени колку вредат ПСЖ и Манчестер Сити и колкава им е моќта во пари, со оглед на тоа што газдите им се арапски милијардери, а Челси е инаку актуелен првак на Европа. Сите овие три екипи, меѓу главните конкуренти за трофејот, ќе се молат догодина да не им падне Реал во ЛШ.

Во Мадрид се славеше како веќе да освоиле ЛШ

Направија пиротехничко шоу, фрлаа столици, стопираа коли. Цел град беше во транс, општо лудило, а врвната компилација ја има погодете кој? Рено Марко.

Агуеро пак беше попарен и овој пат ја гледаше со Тевез

Легендарниот напаѓач на Сити изеде нови нервози во ЛШ. Првиот меч го следеше заедно со Балотели, а овој пат со друг соиграч од нападот на Манчестер, а тоа е Карлоз Тевез. Не можеше да и поверува на завршницата.

Вака не се чува Бензема

Јуве пред четири години го платија 40 милиони, а Сити во размена со Данило го направија најскап десен бек. Но на Жоао Кансело името и вредноста нема да му помогнат како да се координира во одбрана. Додека погледне кај се топката и Бензема, отиде возот.