Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Дончиќ се изнервира и му се сипа на навивач

Далас Маверикс загубија од Феникс Санс со 20 разлика во вториот меч од конференциското полуфинале, а во еден момент Лука Дончиќ не успеа да дофрлување од навивач на Феникс, кое очигледно содржело сочно пцуење, штом Словенецот вака реагираше.

Ти па го погоди моментот кога да се симнеш на терен

Реал Мадрид приреди драма и пол во реваншот полуфиналето од ЛШ и само што Родриго ги даде двата гола во рок од 90 секунди, вредни продолженија, падобранец со албанско знаме го прекина мечот. 

Цреповите кои предвреме го напуштија Бернабеу

Да, имаше и такви несреќи кои после голот на Марез си заминаа од стадион, па после се шуткаа надвор како муви без глави. Пак да си одите порано.

Лудилото во соблекувалната на Реал

Се појави еден статистички податок дека Реал Мадрид во 89-та минута имал 1% шанси да оди понатаму. Како да не одлепат.

Епскиот кам бек на Реал Мадрид

Само 90 секунди му требаше на кралскиот клуб да го уништи и деморализира Манчестер Сити кој никако да ја оствари целта наречена Лига на шампиони. Имаа 4:3 од првиот дуел и водство од 0:1 до 90-та минута и пак се елиминирани.

Навивачите на Манчестер Јунајтед веќе смислија песна за новиот тренер

52 годишниот Ерик Тен Хаг кој од 2017-та успешно го води Ајакс, од сезоната 2022/2023 стартува со нов предизвик наречен Манчестер Јунајтед. Навивачите се нестрпливи и веќе почнаа да му пејат.

Од Атина 2004 до Парма 2022: Сторијата за верниот македонски навивач кој се спријателил со Пандев

Мечот меѓу Парма и Алесандриа одигран викендов е претпоследен во кариерата на Горан Пандев и последен на Енио Тардини, голем повод да го посетат наши навивачи. Меѓу имало и еден на кој од посебно значење му било да отпатува токму на тој натпревар на релација Скопје - Парма.

Бугарски фудбалер се надмина себе си во задржување време

Кога ќе го пуштите видеото, 100% ќе помислите дека смешката ќе биде во тоа што фудбалерот ќе им падне од носилки. Ама не, друг е штосот.

Фото на денот

Не дека треба да ги набројуваме, ама ајде. Карло Анчелоти на вечера со Фернандо Јеро, Роналдо, Луис Фиго и Рафаел Надал. Велат дека ги части за титулата.

Никој како Ливерпул, кој сезонава знае да игра само за финалиња

Делуваа збунето, конфузно и не можеа никако да се поврзат, а Виљареал ги надигра во првите 45 минути и се избори за 2:0, резултат за продолженија. Ама во второ полувреме се појави друг Ливерпул на терен, кој за 12 минути со три комада ги смачка Шпанците. Со пласманот во финале испишаа нова историја за англискиот фудбал.

11 шампионски титули - 11 голчишта на Милер

Во сенка е на Левандовски и важи за еден од најпотценетите, кој пали и гаси како играч од среден ред, крило, втор напаѓач, најистурен напаѓач. Универзален фудбалер кој повеќе од заслужено го има статусот на клупска легенда.

Левица на денот, голманот не мрдна

Додека во Европа привршува ЛШ, во Јужна Америка се игра групната фаза од Копа Либертадорес. Палмеирас има 4 од 4 во А групата, а синоќа му пукна петарда на гости на Индепендиенте Петролеро од Боливија. Бразилезот Рафаел Веига постигна хет-трик, а на еден од головите гледач беше и голманот.

Виљареал немаше сили за сензација, прв финалист во ЛШ е Ливерпул

Шпанско англиската пресметка донесе супер интересно и возбудливо полуфинале во реваншот од ЛШ. По едно полувреме им припадна и на двете екипи. Виљареал запна, целосно го надигра фаворитот и се избори за 2:0 на полувреме, но реакцијата на момците на Клоп во вториот дел беше жестока со 3 гола за 12 минути.

Махериште на колото за 2,1 милиони денари

Прилепчанец здрвил 29 утакмици, сите гол во прво, гол во второ. Уплата 20 денари. Исплата 2.124.919 денари или 34.550 евра. Попара.

Делириум пред сала, Тале во елемент качен на ушка

Триумфот на дербито против Еурофарм Пелистер, клучен за титулата, ракометарите на Вардар почнаа да го слават прво во соблекувалната во салата во Битола, а потоа на свој терен. Пред Јане Сандански ноќта имаа славенички пречек од Комити кој вреди да се погледне.

Ударот на Џад Трамп за воздишки

Легандарниот снукер играч Рони О'Саливен по седми пат кариерата ја освојува светската титула, откако во финалето во Шефилд го совлада Џод Трамп со 18:13 во фрејмови. Имаме два удари за издвојување на поразениот, посебно вториот.

Интервју на Јокиќ на 19 години во кое како да сака да каже дека не го бива

Јокиќ во 2014: „Сите скокаат толку високо. Јас не скокам, туку само играм кошарка еден на еден, два на два, така нешто. Јас не скокам високо, не трчам брзо“. Јокиќ во 2021: МВП на сезоната во НБА.

Голот на Митровиќ кој влезе во аналите на англискиот фудбал

Српскиот репрезентативец, Александар Митровиќ едноставно е неверојатен и незапирлив сезонава. Гол машина која успеа да сруши рекорд стар три децении.

Нереално е вака да ја одиграш на толку голем гол

Само некој кој прв пат фаќа топка во живот е разбирливо вака да одигра на празен гол, сè друго е несфатливо. Патарушкава игра за Португалија прва лига за тимот на Тондела и се вика Рафаел Барбоза. Замисли на спортска те зезне ради ова?

Кога цела трибина ќе ти покаже на кој да му подадеш

Навивачите на Ротерам на мечот против Гилингем на гости во Чемпионшип, покажаа дека дишат со екипата и имаат одлична прегледност кој каде е на терен. Погледне ја оваа синхронизирана помош за еден од играчите која вроди со плод.

Осврт на 19то коло од Бизнис Лигата на Македонија + Топ 5 гола

Во скратеното 19то коло од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни три натпревари во кои славеа екипите на Рамстор, А1 и Џонсон Мети.

Михајловиќ – Леукемија 2:0

На 5 април им се јави на играчите и им рече: „Ќе се борам заедно со вас, а сигурен сум дека и вие кога ќе излезете на терен ќе се борите малку и за мене. Еднаш го поминавме ова заедно и пак ќе го поминеме“.

Навивачите на Трабзонспор ја имаат најлудата журка за шампионската титула

Со 9 бода предност пред Фенербахче на 3 кола до крај, Трабзонспор е шампион во Турција и тоа по пауза од 38 години. Ќе го превртеа и стадионот и градот.

Полски коментатори се отцепија од смеење што Алегри чува резултат против Венеција

Јувентус славеше 2:1 против последниот на табела, малку нетипично со два гола на Бонучи. Вториот гол за 2:1 го дадоа во 76-та минута, а по две минути Алегри го внесе Кјелини. Кога коментаторите видоа дека го вади Влаховиќ пукнаа јак сеир за измената.