
Словенецот Јосип Иличиќ во Аталанта дојде во 2017-та од Фиорентина и за популарната Dea постигна 60 гола на 173 меча во сите натпреварувања (136 меча во Серија А, 47 гола и 37 асистенции). Сега договорот го раскинале споразумно и пријателски се разделиле со управата.
Договорот на Иличиќ со Аталанта важеше до лето 2023-та година но е предвремено раскинат. Словенечкиот репрезентативец во 2022-ра одигра само 2 меча за екипата и тоа во јануари и мај.
Пред натпреварот Аталанта - Торино (3:1), домаќините организираа природен шпалир во чест на големиот Јосип Иличиќ:
This is beautiful. Josip Ilicic gives a final farewell to Atalanta and La Dea fans before their game against Torino last night (via @SerieA).pic.twitter.com/7DcxD3vJoj
— Get Italian Football News (@_GIFN) September 2, 2022
34-годишниот Иличиќ блесна и во Лига на шампиони на меч против Валенсија на гости на „Местаља“ каде постигна 4 гола и влезе во историјата како еден од ретките кои дале 4 погодоци на средба од Лига на шампиони.
„Не е лесно да се најдата прави зборови да ви заблагодарам, многу емоции и сеќавања поминав тука во овие пет години. Пет години радост, среќа и магија, но исто и болка и тешки моменти. Ви благодарам за поддршката и што секогаш бевте тука.
Им благодарам на оние кои беа блиски до мене, до сите навивачи, до сите луѓе кои работат внатре во клубот, до тренерот и соиграчите. Ви благодарам за љубовта која секогаш ми ја пружавте. Заедно испишавме историја и историјата никогаш нема да се заборави. Ќе бидете засекогаш во моето срце“, напиша Иличиќ на својот Инстаграм профил.