Кирјос го нокаутираше шампионот на УС опен, а во еден момент му влезе на негова половина

Ник Кирјос ќе игра историско четвртфинале на Гренд слемот во Њујорк, откако го исфрли и го изненади Данил Медведев, инаку бранител на титулата и прв носител, кој ќе го загуби првото место на АТП.

Австралиецот со специфично однесување, годинава игра во животна форма, особено од Вимблдон па наваму каде стигна до финале. Со триумфот над тенисерот број 1 на АТП стигна до четврти пласман во четвртфинале на Гренд слем турнирите.

За Кирјос ова е четврта победа на пет соочувања со Медведев за прво четврфинале на УС опен каде повторно ќе се судри со Русин, а тоа е Карен Хачанов, инаку 25-ти во свет.

Инаку за историскиот триумф на Кирјос му беа потребни 2 часа и 53 минути во кои прикажа фантастична партија со 21 неодбранлив сервис и 53 винери.

Најголемата битка се водеше во првиот сет во кој Кирјос спаси три сет топки и го доби во тајбрејк со 13:11. Медведев израмни со 6:3, но Кирјос беше подобар, а третиот и четвртиот сет ги освои со 6:3 и 6:2.

Иако ова беше негов ден и сè му одеше од рака, не е жив ако не се изглупира, како во еден момент кога непотребно влезе противничкото поле за да го заби топчето.

Иако тоа му успеа, поенот му беше одземен, затоа што го прекрши правилото.

На мечот можеа да се видат и фер плеј потези

На моменти и двајцата ја палеа публиката

Многу јак ритрн на Кирјос

Ас поен за сите пари со кој го завери четвртфиналето

 
5 септември 2022 - 09:47