Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Генијална асистенција на Нејмар за мајсторски волеј на Мбапе

ПСЖ ја разби одбраната на Јувентус по само 5 минути игра, а главни на дербито на вечерта се Мбапе и Нејмар кои изрежираа акција која ќе се врти цела сезона во ЛШ.

Рики спаси чист гол против Челси, а потоа испали проектил кој Кепа едвај го одбрани

Капитенот на Македонија Стефан Ристовски одлично ја почна сезоната во ЛШ. Во 6-та минута од мечот јуначки го спаси голот по шутот на Стерлинг, а во вториот дел за влакно ќе дадеше еврогол.

Сензациски старт за Динамо во ЛШ, Челси капитулираше на Максимир

Стефан Ристовски и Аријан Адеми го срушиja ланскиот европски првак во првото коло од групната фаза во Лига на шампиони. Човек на одлука е Мирослав Оршиќ.

Нуркиќ: Играме за народот, а не за политичарите, замислете Франција да немаше хотел и храна?

„Дали Евробаскетот би ги променил нашите политичари? Нив војната не ги промени, а ниту пандемијата. Мислам дека ништо не може да се направи, дури и злато ако освоиме“.

Само генијалец како Меси може да изведе ваков слободен удар

ПСЖ се спрема за новата сезона во Лига на шампиони и стартува веднаш со јака битка против Јувентус, натпревар закажан за вечерва во 21 часот во Париз. Лео вежба слободни фрлања, а голманот го гледа и се чуди, како ли успеа вака перфектно да ја свитка во агол?

Немоќта на Надал против Тиафо во неколку куси видеа

Рафаел Надал не успеа да остане во игра за трет Гренд слем сезонава по освоените Австралија Опен и Роланд Гарос, а шансата за да ја поправи рекордната бројка од 22 ќе ја бара во 2023-та. На патот на УС опен му застана 12 години помладиот Франсис Тиафо кој го изненади со 3:1 и обезбеди четвртфинале. Американецот имаше неколку брилијантни поени.

Наградата за навивач број 1 на ЕП оди во Ваљево

Србија ја збриша Финска со 30 поени разлика и има 3 од 3 на Евробаскетот. Го имаме победникот на мечот и на цело првенство.

Колку и да е местена, не можеш до волку да се направиш будала за офсајд

Криминалниот судиски чин е извршен врз англискиот нисколигаш Туртон, за акција која нема потреба ниту да се коментира, а не па да се гледа на ВАР. Па ова е нереално и вон сите стандарди.

Салернитана даде гол, непријатен и за давање и за коментирање

Сенегалскиот напаѓач Булај Диа му даде гол на Емполи, кој како да ви го кажеме, а да не погрешиме? Описот на коментаторот дека ова е несекојдневен гол е со најучтивиот можен речник. Стрелецот сам ќе ви покаже со гестикулацијата.

Голманот на Ридинг да ви покаже како се задржува време

Ридинг го совлада Стоук со 2:1 во Чемпионшип лигата, а голманот на домаќините Џо Ламли правеше до сега невидени будалаштини за да задржи време.

Навивачите на Олимпијакос му приредија пречек на Марсело, мислиш финале во ЛШ играат

Бразилецот има освоено пет титули во Лига на шампиони со Реал, ама никогаш во кариерата не доживеал ваков пречек, организиран специјално само за него.

Навивачките благодети во Франција

Ако може и ние да аплицираме за карти, нема проблем, отсега за Троја навиваме.

Нова тешка глупост на Чичарито

Пред само четири дена приреди врвен театар и наместо да се поправи, ја оплеска. Лос Анџелес Галакси имаше пенал во 97-та минута против Канзас и тоа при резултат 2:2. Мексиканскиот напаѓач шутираше за хет-трик и победа, но се посрамоти за сите пари. Инаку токму од пенал израмни во 88-ма минута, но испушти да биде херој.

За време на инцидентот меѓу Турција и Грузија, 24 секунди од играта отидоа курбан

Селекцијата на Грузија ја доби Турција во Тбилиси со 88:83 после две продолженија. Мечот донесе голема тензија, судир на паркетот, тепачка после мечот, исклучување на турскиот селектор, но и кикс на организаторот кој не стисна пауза на семафорот.

Нуркиќ му се јави на Халид Бешлиќ за да му пејат од автобус

Босанците направија големо изненадување на ЕП откако го совладаа бранителот на титулата, Словенија. Центарот на Портланд, Јусуф Нуркиќ му текна како да ја крене атмосферата после мечот. Цела репрезентација пееше со славниот босански фолкер.

Дончиќ го пцуеше македонскиот судија, а потоа продолжи и на тајмаут

За кусо време се случија две сензации на Европското во кошарка. Белгија го изненади актуелниот светски првак Шпанија, а БиХ истото му го стори на европскиот првак Словенија. Лука Дончиќ потврли.

Велемајсторски потег на Суарез на додавање од аут

Луис Суарез летово направи кам бек, онаму каде што ја почна кариерата, а тоа е Национал. На уругвајското дерби против Пењарол кое заврши 3:1, големата 35 годишна ѕвезда предизвика екстаза и меѓу навивачите и кај коментаторот. Што ти е стара коска. И тоа со лева, а деснак е.

Кирјос го нокаутираше шампионот на УС опен, а во еден момент му влезе на негова половина

Ник Кирјос ќе игра историско четвртфинале на Гренд слемот во Њујорк, откако го исфрли и го изненади Данил Медведев, инаку бранител на титулата и прв носител, кој ќе го загуби првото место на АТП.

Ново голчиште на Јани Атанасов за Хајдук

По евроголот на дербито против Динамо Загреб минатиот месец, 22 годишниот македонскиот фудбалер и дете на Академија Пандев, повторно воодушеви со прекрасен погодок. Хајдук го декласираше Славен Белупо со 5:1, а Јани покажа како се изведува слободен удар.

„Васко Жабата“ грми на бугарско дерби

Левски Софија vs ЦСКА Софија. Трибината ќе падне уште малку за време на неприкосновениот хит.

Хакан му го памти на Тео

На миланското дерби избија искри уште пред стартот на мечот. Чалханоглу одби да се поздрави со Хернандез поради тоа што за време на прославата на шампионската титула на Милан, Тео ги палеше навивачите да скандираат против Турчинот.

Атракција на Дончиќ со фудбалски дриблинг и цепелин

Словенија стигна и до втората победа на ЕП откако со 103:88 ја оправда фаворитската улога против Унгарија. Лука Дончиќ почна со НБА потези. Прво украде топка, па на вториот му ја протна низ нозе, за на крај со прекрасно додавање да намести цепелин.

Најфудбалски мајтап на колото

Германците можат да се гордеат со фасцинантна посета на сите фудбалски стадиони во сите лиги. Пред преполн стадион во 4. регионална лига, Прусен Минстер со 4-2 го победи Келн II. Хенок Теклаб имал хет-трик, а голот во 90+2' минута за конечен резултат му е по маестрален заеб над голманот.

Меси и Мбапе кликнаа пак, Килијан даде феноменален гол во негов стил

ПСЖ игра сјајно на почетокот на новата сезона и во Лига 1 после шест кола има 5-1-0 со гол разлика 24-4. Од тие 24 погодоци, 7 досега даде Мбапе, 7 Нејмар. Французинот брилјираше и во гостинското славје кај Нант 0-3 каде постигна два погодоци од кои едниот за најавни шпици од контра.