Бразил живее во голема еуфорија. На светско злато не се радувале од 2002-ра година кога блескаа Роналдо, Ривалдо, Роналдињо, Денилсон. Сега „кариоките“ имаат еднакво добар, ако не и посилен состав, па очекувано јавноста од нив чека пехар. Имаат рекордни 5 светски титули и сега дизајнерите се фатиле за тоа каде би ја ставиле шестата ѕвездичка на грбот?