Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Халанд стигна и среде напад да му го даде спрејот на судијата

Норвешкиот џин е хит во светскиот фудбал. Иако својата класа ја докажа во репрезентацијата на Норвешка, во Салцбург и Борусија Дортмунд каде се изнадава голови, сега игра на највисоко ниво со Манчестер Сити каде прави попара. Во триумфот 5-0 над Копенхаген даде два гола со што уште го набилда учинокот од стартот на сезонат.

Цел Бернабеу аплаудираше на потегот на Винисиус

Што ти е Бразилец, со еден потег изеде двајца. Од времето на Роналдињо во Барса нема вакви дриблинзи.

Влаховиќ му ги чистеше копачките на докторот за асистенции кој го помина Меси

Јувентус стигна до првата победа во ЛШ, а една од најголемите заслуги за тоа одат кај човекот кој е многу блиску да стане најдобар асистент во историјата на европското натпреварување.

Гвардиола е циркузи со реакцијата за головите на Халанд

До 5 октомври Халанд веќе веќе запиша неверојатни 19 голови за Манчестер Сити во сите натпреварувања и има вкупно 28 комада во ЛШ на 22 средби. Пеп е печен за меме. Сите го зборат на Твитер.

ЕХФ повторно издвои страшна интервенција на Митревски

На Порто не му оди во Лига на шампиони и го запиша четвртиот пораз, овој пат од Динамо Букурешт 33:27. Но македонскиот репрезентативец Никола Митревски кој пред три дена наполни 37 години, повторно воодушевува со одбраните. Нанижа вкупно 10 од кои една спектакуларна.

Дуото Стојановски - Дамевски ја водеше Халк Банка до победа над DHL

Окта и Матрикс славеа убедливо во третиот ден од 3. коло во Бизнис лигата на Македонија, Халк Банка го совлада DHL.

Челси го разби десеткуваниот Милан, Халанд и Влаховиќ пак решетаа

Новиот менаџер на Челси, Грем Потер триумфално го заврши вториот меч во Лига на шампиони во кариерата, откако вечерва со 3:0 го победи италијанскиот шампион Милан кој во Лондон допатува без реиси пола првотимци. 

Кога Новак ќе излезе да џогира во Казахстан

По освојувањето на титулата во Тел Авив, Ѓоковиќ е на турнир во Астана. Погледнете што се случи кога се реши да потренира малку надвор.

Сјајната приказна за тетоважата на малиот Џовани Симеоне, син на Чоло кој блеска во Наполи

Џовани Симеоне е шпиц од стар ков. Иако има 27 години, тој веќе може да се каже дека е прекален, искусен центарфор кој неодамна дебитираше во Лига на шампиони и дури и даде гол против големиот Ливерпул. Интересна анегдота го следи овој погодок кој ќе го памти цел живот.

Наполи даде 13 гола на само 3 меча во ЛШ, лидер е во Серија А и ги скрши Ливерпул и Ајакс

Veni. Vidi. Vici. Наполи дојде во Амстердам и просто го декласираше Ајакс со 1:6, нанесувајќи му го најтешкиот пораз во историјата на евро настапи.

Кире Лазаров - Треба верба

Писмо на читател кој од жестокиот тајм аут на селекторот на Македонија, во улога на тренер на РК Алкалоид, направи песна која има за цел да мотивира.

Во тврд натпревар Макпетрол поуспешни од Шпаркасе Банка

Во вториот ден од 3. коло во Бизнис лигата на Македонија славеа екипите на Аџибадем Систина, Лукоил и Макпетрол.

Хитот во Европа Клуб Бриж - 9 од 9, лидер им е млад анонимен Шпанец

Најголема сензација во Лига на шампиони досега сезонава е белгиски Клуб Бриж кој во исклучително силна група со Атлетико Мадрид, Порто и Баер Леверкузен има 9 бода од можни 9 со гол разлика 7:0. Во вторникот вечер го врзаа и Атлетико Мадрид на Чоло Симеоне.

ВАР циркусот во Порто

На мечот меѓу Порто и Баер Леверкузен, домаќинот дава гол после сјајна контра, ама англискиот судија Ентони Тејлор решава да прегледа ВАР снимка од претходната акција на Леверкузен и наоѓа пенал. Патрик Шик мести топка да го изведе.

Јуначки старт на Костас Цимикас кој спаси чист гол

Глазгов Ренџерс на 5 минути до крајот скоро и да постигна гол на гостувањето на Енфилд, ама Гркот полета на терен и резултатот остана 2:0.

Алексис Санчез мајсторе и ти ли почна празни голови да промашуваш?

Чилеанецот одлично ја почна француската авантура и по 9 настапи за Марсеј има 5 гола. Синоќа го израмни резултатот против Спортинг и неговиот тим славеше со 4:1 за прва победа во ЛШ. Но во еден момент нишанот му беше изместен.

Голема судиска неправда на Сан Сиро

Нова сезона, нови судиски гафови на кои не се имуни ниту судиите кои ги делегираат за елитната Лига на шампини. Дури и Симоне Инѕаги го виде пеналот кој не го видоа оние на кој им е работа да го видат. „Треба да биде тука и да објасни зошто донесе таква одлука“, изјави Чави по мечот.

Дуелот на Тадиќ со Елмас за кој доби црвен картон

4 октомври 2022-ра е датум кој Ајакс и навивачите ќе сакаат што побрзо да го заборават. За прв пат во историјата примаат минимум 5 гола дома во ЛШ. Покрај историскиот дебакл од 1:6 од Наполи останаа и без капитенот Душан Тадиќ кој во 73-та минута доби втор жолт картон за овој груб зафат врз Елмас.

Од 24 гола во ЛШ најубавиот го има Трент Александер Арнолд

Првите осум меча од 3. коло во Лига на шампиони донесоа солидна ефикасност или точно во просек по 3 гола на натпревар. Ливерпул ја оправда фаворитската улога против Глазгов Ренџерс кој го победи со 2:0. Најголемата мајсторија на вечерта е дело на Арнолд.

Ајакс изеде невиден срам во ЛШ од Елмас и другарите, Барса се сопна на Меаца

Фудбалерите на Ајакс го доживеаа највисокиот пораз во историјата на европските натпреварувања и загубија од Наполи со 1:6. Елмас влезе во 64-та минута, Тадиќ доби црвен во 73-та. Наполитанците имаат 3 од 3, исто како и Клуб Бриж кој го изненади Атлетико Мадрид.

Како Левандовски и го смени ликот на Барселона

Леванголски, Леталдолски, Голандовски...Ова се само дел од игрите на зборови со кои каталонскиот печат ги насловува делата на Роберт Левандовски. 34 годишниот Пољак изгледа како да пораснал во Ла Масија.

Ти купивме дрес од Манчестер за роденден, отвори го

Иако веќе почнавме да имаме емпатија за Хари Мегваер, дрвото кое игра за Јунајтед и за репрезентацијата на Англија затоа што по социјалните мрежи со години го мачкаат со фекалии, има нешто смешно и во таа упорност.

Генијалниот Меси има 60 гола од слободен удар

Минатата сабота ПСЖ со 2-1 ја совлада тврдата Ница, а првиот гол за Парижаните го постигна Лео Меси од слободен удар. Со преубав шут Аргентинецот го остави Каспер Шмајхел само со поглед да ја испрати топката во мрежа.